вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 60
home Хороскоп

Три хороскопски знаци кои ќе доживеат целосна преобразба во следниов период

Три хороскопски знаци кои ќе доживеат целосна преобразба во следниов период

Младата Месечина во Јарец која започна на 2 јануари нè поттикна да почнеме да носиме цврсти одлуки за работите кои сакаме да ги промениме.

Јарците, Девиците и Биковите во овој период веројатно почувствуваа или ќе почувствуваат наплив на енергија и желба за движење, патување и забава.

Но, за Овните, Лавовите и Стрелците, работната година ќе започне на многу динамичен начин. За среќа, вие сакате предизвици и возбудувања, а брзиот развој на ситуацијата носи задоволство. Близнаците и Водолиите треба да ја чуваат енергијата.

Раковите и Вагите се чувствуваат малку искористено, како сите работи да треба сами да ги прават. За Рибите и Скорпиите овој период е поволен за да ги обноват пријателствата.

Со полната Месечина во Рак на 17 јануари, нашите срца се преполни со светлина. Подготвени сме да помагаме, да се бориме за оние што ги сакаме и да останеме верни на нашето срце.

Во овој период, Раковите, Јарците и Рибите ќе се хранат со чувството на сигурност кое им го дава партнерската врска. Оние кои се сами се чувствуваат добро во своето друштво, но доколку сакаат, можно е да се создаде шанса за нова, интересна врска.

Овните, Лавовите и Стрелците ќе имаат чувство дека ги држат работите под контрола, а добро е да најдете повеќе време за одмор и за семејството. Вагите, Близнаците и Водолиите кои обично се љубопитни и подготвени за дружење, овојпат ќе посакаат малку да одморат и да уживаат во зимски сон.

Биковите, Девиците и Скорпиите ќе ги преиспитуваат своите уверувања и се отвораат кон учење нови работи. Упорни и тврдоглави во своите ставови, овојпат се подготвени да го променат мислењето. Во тоа нема ништо лошо сè додека ширите позитивна енергија, љубов и толеранција.

Коронавирус