недела, 11. април 2021. Вести денес: 100
home Хороскоп

Стрелецот мора да оди на службен пат, Овенот полн со позитивна енергија

Стрелецот мора да оди на службен пат, Овенот полн со позитивна енергија

ОВЕН

Полни сте со позитивна енергија и оптимизам. Во тој дух комуницирате со колегите и правите нови планови. Задоволни сте од односот со брачниот партнер, но несвесни сте за неговиот флерт со друга личност. Добро се чувствувате.

БИК

Отворена е можност за контакти со странците или заминување на краток пат. Уживате во обврските и се потпирате на интиуцијата. Постои личност која ви се допаѓа, но проблем е што некој од двајцата е зафатен. Внимавајте на исхрана.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е вообичаен работен ден. Се држите под контрола, нема никакви проблеми на работа. Брачниот партнер сака сериозно да разговара со вас во врска со преселба во странство. Добро се чувствувате.

РАК

Фокусирани сте на соработка со колегите. Разменувате нови идеи, се прилагодувате, со многу оптимизам правите нови планови. Не сте задоволни од односот на партнерот. Станал ладен, а вам ви недостасува нежност. Солидно здравје.

ЛАВ

Не сте подготвени за прилагодување ниту за новини на работа. Сакате да се одржи моменталната состојба. Бракот го сметате за стабилен, целосно несвесен дека другата страна има тајна симпатија. Не е најдобро, проблеми со циркулација.

ДЕВИЦА

Некои стари проблеми кои свесно сте ги избегавале, доаѓаат на ред. Не успевате да ги решите, што ве прави напнат. Премногу сте фокусирани на работа, што го запоставувате партнерот. За среќа, тој има разбирање. Време да посетите стоматолог.

ВАГА

Ситуацијата на работа е идеална. Задоволни сте со се: работа, колеги, финансии. На работа се одвива флерт во кој максимално уживате. Не размислувате за иднината, само уживате во моментот. Организмот се регенерира.

ШКОРПИЈА

Соработката со странските партнери не се одвива на посакуваниот начин. Не ви се допаѓа тоа што се несериозни и не ви даваат никакво чувство на сигурност. Задоволни сте од врската и се посветувате на саканата личност. Наклонети сте кон повреди.

СТРЕЛЕЦ

Присилени сте да одите на службен пат на кој не ви се оди. Сепак, таму ги постигнувате целите кои сте ги планирале. Со партнерот планирате краток пат во текот на викендот. Возбудени сте поради тоа. Наклонети сте кон прејадување.

ЈАРЕЦ

Добивате нова понуда која ви делува добро. Проблемот е тоа што имате отпор кон промени. На полето љубов ве очекуваат тајни или платонски случувања. Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

На работа ве очекуваат тешкотии. На ваша среќа сте упорни, но и лесно се адаптирате, па така ќе успеете да ги надминете. Ве очекува ново познанство. Уживате во интересната комуникација. Чувствителни се коските.

РИБИ

Работата не ја доживувате како обврска, туку како начин на исполнувае на својата способност. Задоволни сте од ова поле, иако односот е од тајна природа. Емоциите жестоко ви работат. Стабилно здравје.

Коронавирус