Доаѓа сезона на празници и убави мигови, а астролозите имаат совет што е она што треба да го запаметиме за време на празниците.
Овен
Во ред е да ги откажете поканите за сите семејни собири и дружења со пријателите. Ако празниците ви носат стрес, намалете го дружењето и комуникацијата со оние луѓе кои не ве прават порасположени.
Бик
Во ред е да се чувствувате осамено и во ред е да покажете дека сакате да бидете сакани. Тоа не е слабост, туку основна човечка потреба.
Близнаци
Во ред е да сте под стрес. Ова беше тешка година, во која постигнавте многу, но некои работи едноставно беа невозможни.
Рак
Во ред е да се ставите себеси во прв план. Купете си подарок, нешто убаво за себе.
Лав
Не ви е потребна диета, овие денови. Во ред е да сакате да уживате во храната до максимум.
Девица
Во ред е да заборавите на работата барем малку. Посветете си внимание себеси, но и на оние кои ги сакате.
Вага
Во ред е да ги прескокнете старите традиции ако ве истоштуваат и ви носат лоши спомени.
Шкорпија
Во ред е да ви недостигаат драги луѓе, кои не се веќе околу вас. Покажете им дека ви значат, не ги кријте своите чувства.
Стрелец
Во ред е да се возбудувате за празничната сезона, да сте дете во своето срце и да не се срамите од тоа.
Јарец
Во ред е да чувствувате нервоза овие денови. Работевте доста напорно и не мора да значи дека морате да уживате во секој миг од празниците. На крајот на денот, вие сте човек.
Водолија
Во ред е да направите пауза од работата и да сонувате за подобро утре. Успорете малку, земете здив.
Риби
Во ред е да правите што и да посакате за време на празниците. Создавајте си свои традиции кои ви носат насмевка.