недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Хороскоп

Сите се вртат по нив: Ова се трите најубави хороскопски знаци!

Сите се вртат по нив: Ова се трите најубави хороскопски знаци!

Не тврдиме дека оваа поделба е исклучива, но според хороскопот, ова се трите најубави знаци.

Вага

Тие се буквално како извајани. Без разлика дали се работи за машки или женски припадници на овој знак, Вагата претставува синоним за убавина. Ова е убедливо најубавиот знак во зодијакот. Како и кај Бикот, планетата Венера токму тука се чини дека несебично успеала да го спакува совршенството без маана во едно суштество, со тоа што била несебична кога се работи и за убавите манири и префинетото држење. Вагите се кокетни и харизматични, и речиси секогаш емитуваат некакви заводливи пораки. Најубавите познати Ваги се Моника Белучи и Мет Дејмон.

Шкорпија

Кажано накусо – Шкорпиите се богови на харизмата. Тие поседуваат магнетна привлечност и едноставно кажано се неодоливи. Нивната конституција е ситна и мускулеста. Очите им претставуваат најсилно оружје во за нив омилената функција на заведување. Нивниот поглед делува двосмислено и мистериозно, а кога поради нешто се лути, тогаш тие едноставно “стрелаат” со својот поглед. Нивниот став е провокативен. Познати Шкорпии се Деми Мур и Леонардо Ди Каприо.

Јарец

Коскестата градба и потенцираните јаболчици на Јарците им даваат одлична предиспозиција за да се занимаваат со манекенство. Ова е најфотогеничниот знак од зодијакот и е вистинска штета што тие едноставно не уживаат пред објективите. Овој знак речиси и да не располага со гестикулација, па со тоа изразите од нивното лице тешко ќе успеете да ги прочитате. Припадниците на овој знак често имаат речиси провидно сини очи и светла коса. Нивното движење е одлучно и сигурно. Тие имаат апсолутно правилно држење на телото. Како најпознат Јарец би ја издвоиле Кејт Мос.