среда, 2. декември 2020. Вести денес: 161
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Хороскоп

Сите мора да имате до вас една жена во знакот на Лав: Што е толку посебно кај нив?

Сите мора да имате до вас една жена во знакот на Лав: Што е толку посебно кај нив?

Силната волја на оваа жена и дава сè, таа е подготвена да води и да го стави својот партнер во центарот на вниманието, се додека таа се чувствува слободна. Со неа секогаш знаеш што си. Дознајте зошто во животот треба да имате една жена ЛАВ?

Со овој хороскопски знак владее Сонцето, средиштето на Универзумот и во склад со тоа, Лавицата обожава да биде во центарот на вниманието и тоа секогаш и оди од рака. Кога е лута, најлесно ќе ја смират комплименти и подароци. Има силен дух и сака да победува, а благодарејќи на својата интелигенција, досетливост и креативност – нејзиниот живот е исполнет со многу победи.

Великодушна, театрална, привлечна, страствена, тврдоглава, упорна, љубезна, лојална, чесна, темпераментна, горделива, полна со живот, родена лидерка…

Љубов

Кога жената во знакот Лав се вљубува, нејзиниот свет почнува да се врти околу нејзиниот партнер. Таа ќе му даде сè на својот партнер, срце, душа и тело, без никаква воздржаност. Нејзината љубов е топла и страсна, таа е подготвена да се бори, да сака, се додека тоа не ја загрози нејзината лична слобода.

Сексуалност

Кога станува збор за сексуалноста, жената Лав е една од најслободните жени на зодијакот. Таа го сака нејзиното тело, неговите движења, а во уживањето во сексот не може да ја спречат вишокот тежина, ниту било која друга неважна причина. Не постои причина зошто тие ќе се чувствуваат несигурни или загрозени, таа знае да биде имагинативен и креативен љубовник.

Врски

Независна и со изразена индивидуалност, Лавицата бара партнер кој и самиот ги има овие карактеристики. Не и треба некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да и дозволи таа да блесне со сиот свој сјај. Во врската сака секогаш да има многу забава и динамика – не поднесува рутина и постојано смислува начини како да промени нешто и да ги направи работите малку подраматични. Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелец, Ваги и Овен.

Може ли да и верувате на жената Лав?

Секогаш знаете дали нешто и се допаѓа или не. Тука нема многу филозофија и мора целосно да ѝ верувате, бидејќи нејзиното големо топло срце никогаш нема да направи нешто лошо за некој што го сака. Кога ќе котирате високо на нејзината листа на приоритети, ќе видите зошто е убаво да сте во нејзино присуство.

Разбирање на жената Лав

Оваа жена често е лошо сфатена, ја сметаат за незадоволна, а тоа се квалификува како силна и премногу искрена, ако такво нешто воопшто постои. Проблемот со разбирањето на оваа жена доаѓа од нејзината дива природа и неспособноста да ја затвори устата и да размислува добро пред да преземе нешто. Но Лавот е тука за да ни донесе светлина, па дури и ако тоа значи да се соочиме со фактите што не ни се драги, дали тоа може да биде лошо?

Вредности и недостатоци

Таа е некој кој има брилијантна насмевка, внатрешно чувство за себе, големо срце и способност да прави што и да сака. Некаде длабоко внатре, таа сфаќа дека нема ништо што не може да се направи и може да инспирира, мотивира и посочи некои од проблемите што стојат на патот. Таа понекогаш може да биде несвесна за чувствата на партнерот. Тоа може да биде деструктивна, да наметнува мислења и да донесува одлуки кои воопшто не и доликуваат.

Пријателство

Благодарејќи на својата топла личност, магичната енергија, ентузијзамот и полетноста, жената Лав ги привлекува луѓето околу себе, а нејзините пријателите неретко и се воодушевуваат. Великодушната Лавица сака да ги разгалува своите пријатели. Никогаш нема да изневери пријател и секогаш ќе биде покрај своите блиски и ќе им прости се освен предавство.

Изглед и стил

Густата и нескротлива коса како гривата на лавот, изразени црти на лицето, големи и топли очи, широко чело, напрчено носе и мали уши се физичките карактеристики по кои е препознатлива Лавицата. Највеќе се гордее со својата густа коса која најчесто е или руса или црвена.

Жената родена во овој хороскопски знак најчесто е висока и има долги нозе и елегантно држење. Секогаш делува уредно, горделиво и урамнотежено. Својот изглед сака да го украсува со накит и други модни додатоци, а ја сака и жолтата и портокаловата боја.

Сака да се истакнува во жолта и портокалова боја, но бојата која ќе ја стави во центарот на вниманието е златната боја, така Лавицата претставува: топлина, луксуз, театралност, посебност, воодушевување. Секогаш сака работите кои ги носи да се со најдобар квалитет, а кај нејзе не постои моден конформизам – таа сака да носи работи кои ги немаат другите.

 

 

Коронавирус