Сите хороскопски знаци се заглавени во еден лифт во голем хотел. Меѓутоа, лифтот се заглавува. Како реагираат тие?
Рак : Што се случи? Не се чувствувам најдобро.
Близнаци : Ох, заглавени сме.
Лав : Ајде, не е ништо страшно. Сигурно е само мала пауза.
Девица: Зошто баш сега?!
Овен: Да видиме што е (ги притиска копчињата во лифтот)
Скорпија: Но, немојте толку на сила.
Овен: А, дали е подобро само да седиме и чекаме?
Вага: Смирете се, не е време за кавга.
Девица: Знаете ли колку работа ме чека?
Јарец: Сите имаме некакви обврски, но наместо да создаваме паника, ајде да го направиме тоа што треба.
Водолија: Така е, веројатно можеме да побараме некого. Притиснете го црвеното копче, ве молам.
Близнаци: Секако. Не реагира. Ќе биде весело.
Риби: На некои овде ова им е забавно.
Стрелец: Па веројатно нема да плачеме.
Лав: Слушајте ме добро. Како прво, дали некој од нас има некаков алат.
Водолија: Јас имам нешто, но се уште не можам да утврдам што ќе помогне најмногу.
Бик: Јас не би се шегувал со тоа. Тоа е сепак лифт.
Овен: Сигурно нема да останеме овде цела ноќ. Мора нешто да се преземе.
Скорпија: Каков будала леле.
Вага: Ве молам смирете се. Да не создаваме тензии.
Лав: Јас ги преземам работите во свои раце. Смирете се останатите.
Рак: Како да се смириме? Веќе пола час сме беспомошни.
Стрелец: Можеби треба да експериментираме.
Јарец: Не, не би смееле да експериментираме воопшто.
Бик: Мене не ме прашувајте ништо. Не можам да размислувам сега.
Близнаци: Ајде да играме друштвена игра додека да помине времето.
Бик: Решението е едноставно. Да чекаме да се средат работите сами од себе.
Рак, Девица и Риби: Сами од себе?!
Водолија: Внимавајте, се мрда лифтот. Дојде струја.
Стрелец: Ајде да прославиме кај мене. Ова беше забавно.