среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хороскоп

Шкорпијата подготвена за нови предизвици, време за промени кај Водолијата

Шкорпијата подготвена за нови предизвици, време за промени кај Водолијата

ОВЕН

Работата не ве интересира. Одмор ви е неопходен и уживате во него. Задоволни сте од односот со саканата личност. Него го загрижуваат финансиите, но не сака веднаш на почетокот на годината да збори околу таа тема. Грлото е чувствително.

БИК

Ги разгледувате сите планови. Ве привлекува идеја околу соработна со странските соработници. Уживате во стабилниот однос со саканата личност. Максимално сте посветени еден на друг. Проблеми со хормоните се можни.

БЛИЗНАЦИ

Работата не ве интересира, ниту ви паѓа на памет. Фокусирани сте на емотивната сфера. Имате тајна симпатија со која имате редовен контакт. Се надевате дека наскоро ќе дојде до врска. Бубрезите се чувствителни.

РАК

Работата не ве интересира. Уживате во времето минато дома со најблиските. Имате впечаток дека партнерот е дистанциран и дека во претходниот период се посветил на семејството поради празниците. Ве стигнал замор, па одморате.

ЛАВ

Уживате во ден без стресови и обврски. Не сте биле свесни во која мера ви бил потребен одмор. Односот со саканата личност е стабилен. Другата страна делува загрижено, па ја прашувате што е проблемот. Засилете го имунитетот на време.

ДЕВИЦА

Работата ви е повторно во мислите. Правите нови планови, рааспореди и слично. Имате потреба да бидете сами. Партнерот е загрижен и се прашува што не е во ред. Хронични проблеми со притисокот и коските.

ВАГА

Правите нови планови. Важни ви се финансиите и сакате да обезбедите нивен сигурен прилив. Имате впечаток дека партнерот ве запоставува и дека повеќе време минува со своето семејство. Проблеми со грлото се можни.

ШКОРПИЈА

Одморени сте и подготвени за нови предизвици. Сте смислиле некои идеи и едвај чекате да ги проверите во пракса. Задоволни сте во емотивна смисла. Односот со саканата личност е интензивен, страствен и постојан. Болки во коските.

СТРЕЛЕЦ

Работата ви е во мислите. Правите нови планови кои со многу оптимизам сакате да ги спроведете во дело. Односот со саканата личност е стабилен. Во целост се препуштате на емоциите и саканата личност. Одлично здравје.

ЈАРЕЦ

Кај вас нема средина. Или сте во целост посветени на работата, или на одморот. Сега е време за одмор. Саканата личност се труди на сите начини да ви удостои. Можни проблеми со дишните органи.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за ситуацијата на работа. Заклучувате дека е време за промени. Бракот го сметате за цврст и стабилен. Многу ви значи што на партнерот може да се потпрете во материјална смисла. Притисокот е нестабилен.

РИБИ

За вас одморот е завршен. Размислувате за работа и некои обврски ги одработувате од дома. Задоволни сте од односто со брачниот партнер. Во целост ве разбира, ви пружа поддршка и ве сака. Стабилно здравје.

Коронавирус