вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Шкорпијата несигурна во емотивниот избор, можна голем љубовна криза кај Девицата

ОВЕН

Имате впечаток дека во работното опкружување некој работи против вашиот интерес и тоа нималку не ви се допаѓа. Не ви се допаѓа тоа што саканата личност покажува љубомора во комуникацијата со вас. Генерално добро здравје.

БИК

Денешниот ден ви е поволен за тоа да прифатите некои проекти кои ве чекаат одамна. Имате малку поголеми очекувања и не сте сигурни на кој начин треба да се поставите кон симпатијата. Нервна напнатост.

БЛИЗНАЦИ

Ако сте планирале соработка со личноста која веќе ви помогнала на работното поле, ќе бидете задоволни. Ако сте слободни, ќе имате нови и интересни љубовни понуди во текот на денешниот ден. Вртоглавица.

РАК

Ве очекува малку тежок ден низ кој нема да ви биде едноставно да ги решите сите работни проблеми. Партнерот отворено ќе ги покаже своите чувства кои ги има со вас. Може да очекува среќа. Потребен ви е одмор.

ЛАВ

Одговорностите кои ги имате треба да ги земете во предвид сериозно. Посветете се на својата работа денеска за да ги остварите своите планови. Ќе успеете да остварите подобар однос со партнерот со кој сте имале мали пречки. Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Може да очекувате позитивен ден кој на работното поле ви носи некои добри вести. Дистанцата меѓу вас и саканата личност може да земе замав. Можна е голема криза. Проблеми со грбот.

ВАГА

Не е поволен ден за патувања или било какви ризици. Може да дојде до некои потешкотии на вашето поле работа. Ви се допаѓа личност која на некој начин е неискрена кон вас. Проблеми со циркулацијата.

ШКОРПИЈА

Вложувате голем напор во својата работа и подготвени сте да се посветите на своите обврски за да ги реализирате целите. Не сте сигурни во својот емотивен избор. Можно е да се предомислувате околу прекин на врската. Се чувствувате добро.

СТРЕЛЕЦ

Можно е на работното поле да имате некои кочници. Ситуацијата ви се одвива забавено и отежнато. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена вашата врска да ја пренесе на некое повисоко ниво. Бубрезите се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Можно е да имате проблеми во комуникацијата со соработниците и дека нема да ви биде лесно да остварите компромис. На љубовното поле ве очекува добар однос со саканата личност. Пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Сакате да ризикувате и на ова поле сте подготвени за некои нови вложувања за да реализирате подобра финансиска ситуација. Пред вас е нова прилика за познанство. Поволен е денот за промени. Водете сметка околу зглобовите.

РИБИ

Доколку се занимавате со приватна работа, очекувајте почеток на подобра ситуација. Во односот со брачниот партнер ве очекуваат пречки и несогласувања кои ќе ви донесат мали проблеми. Добро се чувствувате.

Коронавирус