среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Шест хороскопски знаци кои вешто ги кријат своите емоции

Шест хороскопски знаци кои вешто ги кријат своите емоции

Постојат луѓе кои често страдаат бидејќи не знаат како да ги сочуваат емоциите за себе.

Но, од друга страна постојат и оние коишто никогаш не ги покажуваат нивните емоции, а според астролозите, се раѓаат во овие хороскопски знаци:

Овен

Луѓето родени во овој знак покажуваат ментална сила, строгост и авторитет, гласни се и негодуваат. Но, вистината е сосема поинаква. Тие сакаат да покажат дека имаат самодоверба кога се наоѓаат во непријатна ситуација, а во друштвото се однесуваат премногу заштитнички поради што пријателите особено ги почитуваат.

Близнаци

Близнаците се чувствуваат како најзагрозени суштества на планетата, па затоа прават сè за да се заштитат од опасност. Тераат инает, а во самоодбрана знаат да претераат. Поради тоа нивното однесување во тензични ситуации може погрешно да се протолкува.

Стравот поради сопствената несигурност го проектираат на другите.

Девица

Девицата сака да покаже дека не сака да се расправа но е исклучително тврдоглава личност. Дури и кога е добро расположена, фрла „отровни стрели“ кон непријателите. Мирни се само додека спијат.

Стрелец

Стрелецот не се плаши да покаже дека е дрзок доколку треба да се бори за нешто што го сака. Затоа во друштвото се поставуваат како авторитативни. Стрелецот по секоја цена сака да му се восхитувате и да биде во центарот на вниманието.

Лав

Нивното однесување не им се допаѓа на многу луѓе. Нaмерно се претставуваат како алчни луѓе за да им се плаши околината. По секоја цена покажуваат желба, волја и грижливост, но станува збор за луѓе кои во длабочина на душата ги кријат своите емоции. Сакаат да се фалат и да ја истакнат храброста и посветеноста. Да помагаат кога некој е во опасност е нивната најголема доблест.

Вага

Вагите покажуваат ментална сила и грижливост.

Но, длабоко во себе имаат некој недефиниран и непотребен страв. Доколку од нив очекувате да бидат храбри, ќе се излажете себеси. На секој можен начин сакаат да поминат без расправии.

извор: kajgana.com