вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хороскоп

Шанса за флерт за Вагата, емотивна криза кај Рибите

Шанса за флерт за Вагата, емотивна криза кај Рибите

ОВЕН

Ве очекува шанса да најдете работа која ќе одговора на барањата кои ги имате. Ако ви се допаѓа личност која неодамна сте ја запознале, ќе имате шанси за промени. Мали проблеми со холестеролот.

БИК

Финансиската ситуација ви претставува проблем. Работите на тоа да ги стабилизирате своите приходи. Не сте подготовени за големи планови со партнерот. Можно е на некој начин да избегнувате сериозна врска. Водете сметка околу крвотокот.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е период на прилагодување кога е во прашање новото работно место. Не се снаоѓате секогаш најдобро. Ако сте во брак, очекувајте малку тежок период во кој ќе има некои несогласувања. Алергиите ве мачат.

РАК

Денешниот ден ви носи мали отежнувања и компликации кога е во прашање ова поле. Личноста која ви значи останува и натаму дистанцирана од вас, и тоа прилично ве води кон тоа да се сомневате во себе.Чувствително здравје.

ЛАВ

Во следниот период ќе имате многу важни случувања на работното поле, па потрудете се да бидете во тек. Ако сте во брак, очекувајте дека ќе имате добра ситуација во односот со партнерот. Полни сте со енергија.

ДЕВИЦА

Сте донеле нова одлука по ова прашање, но може да наидете на мали неодобрувања од страна на надредените. Ви се допаѓа личност која може да биде зафатена или да ја следи некој лош глас. Болки во стомакот.

ВАГА

Партнерот на ова поле ќе покаже дека не се сложува со вашите планови за новите работни проекти. Интересен ден ве очекува, особено ако сте слободни. Ќе имате шанса за флерт. Тегоби со кожата.

ШКОРПИЈА

Нови проблеми на полето работа тропаат на врата. Ве очекува период во кој ќе ви треба многу трпение. Очекувајте дека на ова поле ќе имате нови случувања. Мали проблеми со срцето.

СТРЕЛЕЦ

Среќата е на вашата страна и лесно решавате некои проблеми кои сте ги имале во претходниот период. Сакате да правите некои промени кога е во прашање вашиот љубовен живот. Монотонијата нималку не ви одговара. Немате проблеми.

ЈАРЕЦ

Ако се занимавате со приватна работа нема да ви биде лесно да ја стабилизирате ситуацијата на ова поле. Сакате да разговарате со саканата личност која упорно ја избегнува темата врзана за заедничката иднина. Мали проблеми со варењето на храната.

ВОДОЛИЈА

Очекувајте дека ќе успеете да остварите позитивни промени на полето работа, на своја иницијатива. Надевајте се на средба со поранешниот партнер кој и натаму ви значи, на некој начин. Избегнувајте цигари.

РИБИ

Загрижени сте поради некои гласини кои кружат на вашето работно место. Можно е многу работи да ве оптоваруваат. Емотивна криза би можела да настапи меѓу вас и личноста која ви значи. Проблеми со хормоните.

Коронавирус