сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хороскоп

Секс на првиот состанок: Водолиите со најголеми шанси, Вагите со најмали

Секс на првиот состанок: Водолиите со најголеми шанси, Вагите со најмали

Колкави ви се шансите да имате секс на првиот состанок? Дали можеби тоа ви е „запишано во ѕвездите?

Една најнова анкета се занимава со оваа интересна тема за испитување – секс на првиот состанок. Она што е уште поинтересно е што во анкетата беше вклучено и прашање на кој хороскопски знак припаѓаат испитаниците и се дојде до некои интересни заклучоци.

Резултатите од анкетата на сајтот за состаноци Plenty of Fish покажаа дека Водолиите се најмногу подготвени „да одат до крај“ со некој кој само што го запознале, ако сметаат дека меѓу нив има силна хемија.

На ваквото однесување најмногу се противат Вагите. Само 3% од нив би имале секс на првиот состанок.

Над 15% од испитаниците Водолии рекле дека најчесто имаат секс на првиот состанок бидејќи сакаат веднаш да видат дали се сексуално компатибилни со потенцијалниот партнер, односно дали да вложуваат време и енергија во врската.

Ни Рибите не се далеку
Втори на листата со резултати се Рибите – 11% од испитаниците припадници на овој хороскопски знак рекле дека често имаат секс на првиот состанок, наведувајќи ги истите причини како и Водолиите.

Вагите се најпретпазливи
Најмалку шанси за секс на првиот состанок даваат Вагите, за кои ваквото однесување е бесмислено. Тие уживаат во играта на заведување и исчекување, па важно им е да се чувствуваат „почитувано“ и прво да ја запознаат личноста, па да проверат дали се сексуално компатибилни.

Ова се резултатите од анкетата изразени во проценти за тоа колкави се шансите да имаат секс на првиот состанок:

Водолија 15%

Риби 11%

Овен 10%

Бик 10%

Рак 9%

Лав 9%

Близнаци 8%

Скорпија 8%

Девица 7%

Стрелец 6%

Јарец 4%

Вага 3%

Коронавирус