четврток, 6. август 2020. Вести денес: 64
home Хороскоп

Секс и хороскоп: Што ве возбудува според вашиот хороскопски знак?

Секс и хороскоп: Што ве возбудува според вашиот хороскопски знак?

Либидото е сосема индивидуална работа, утврдена од бројни фактори – околината, воспитувањето, психолошката состојба, менструалниот циклус, дали сте заљубени или не, а астролозите ќе речат дека е напишано во ѕвездите.

Некои знаци како Шкорпија се повеќе склони кон секс, додека за други сексуалната желба ќе се разбуди кога ќе ги задоволат другите примарни потреби. Откријте подолу како одреден хороскопски знак сексуално се возбудува и каков е неговиот апетит во креветот.

Овен

Со Овен управува Марс, кој владее и со сексуалниот нагон. Овен сака да заведува и ужива во сексот скоро онолку колку што и се претставува на личноста што ја заведува. Се разбира, ако таа друга личност „падне” на неговиот шарм. Ако сте родени во знакот на Овен, голема е веројатноста дека сексот е на прво место во една врска и доколку партнерот не ви одговора на тоа поле, тешко дека ќе останете со него. Вие сте огнени, отворени за нови искуства и директни.

Бик

Сензуалниот Бик сака физички допир и задоволство од секаков вид повеќе од било што, па затоа не изненадува што тие се на самиот врв кога станува збор за либидото на хороскопските знаци. Ако сте Бик, кога станува збор за секс, вие целосно му се посветувате затоа што тој е големо задоволство за вас и ќе дадете сѐ од себе за да уживате и вие и вашиот партнер. Вие исто така сте романтични.

Близнаци

На Близнаците им треба малку повеќе за да се „загреат“. Ако сте Близнаци, повеќе од физички изглед, ќе бидете возбудени од одличната комуникација со партнерот, интелект и многу, многу смеа, а кога имате секс, сакате сè, освен предвидливото и обичното. Близнаците ја сакаат играта, но само еден погрешен потег и нивното либидо паѓа во еден момент. Така е, зарем не?

Рак

Членовите на овој знак за секс бараат многу повеќе од физичко соединување. Ако сте Рак во хороскоп, за вас сексуалниот однос мора да биде длабок, значаен и негуван. За навистина да уживаат во сексот, тие мора да имаат целосна доверба во партнерот, и е потребно време да се изгради таа доверба. Ракот не брза да има секс.

Овие знаци ќе бидат апсолутни победници во август: Сè ќе им оди од рака!

Лав

Либидото на Лавот целосно зависи од другата личност. Ако најде некој што ќе го третира како крал или кралица, за што Лавот смета дека е, таа личност ќе предизвика огромна сексуална желба во него. Но, ако тој не го привлече вниманието што го сака, ќе биде ладен. Нивниот сексуален нагон исчезнува за момент. Веројатно сте се забележале себеси, ако сте Лав, дека не ве возбудуваат премногу момци кои не ви посветуваат доволно внимание.

Девица

Девиците се познати авантуристи во креветот и тоа е единственото место каде членовите на овој хороскопски знак можат целосно да се релаксираат. Единствениот проблем е да ги одведете во кревет. Ако сте Девица, барате партнер кој ќе ве ослободи од оковите на самоконтрола и на кого можете доволно да му верувате за да му се предадете.

Вага

Вагата го сака сексот, но не е меѓу нејзините поважни животни вредности. Нивниот приоритет се блиските односи, како што се семејството и пријателите. Ако сте Вага, ќе имате секс со партнерот кога сакате дополнително да ја потенцирате вашата љубов и да покажете дека му припаѓате целосно. Со други зборови, веројатно ќе имате секс поретко од другите хороскопски знаци.

Шкорпија

Шкорпиите се познати по силната сексуална желба и затоа го задржуваат првото место на оваа листа. Тие се фантастични во креветот, но не дозволуваат сите да влезат. Тие имаат многу високи стандарди при изборот на сексуален партнер, што значи дека само ВИП ќе ја видат нивната дива страна и бојата на нивните чаршафи.

Стрелец

Стрелци се најмногу склони кон флертување од сите хороскопски знаци. Тие се заводливи и преплашени од помислата да се посветат на некого. Тие претпочитаат секс за една ноќ отколку врска. Сексуално се возбудени од освојување и заведување. Ако сте Стрелец, веројатно сте почувствувале дека се чувствувате најживи додека освојувате и заведувате. Се разбира, тоа не значи дека кога се вљубувате и љубите, не сте верни и посветени на таа личност.

Јарец

Јарците се упорни и конзервативни, а овие особини можат да бидат привлечни во спалната соба, особено во областа на издржливоста. Јарецот ќе стори сѐ, навистина ќе се потруди да го задржи партнерот задоволен и среќен. Многу, многу среќен. Покрај тоа, тие се сосема различни во кревет од вообичаеното. Воопшто не се конзервативни. Тие секогаш се подготвени за нови искуства и појаснуваат што сакаат и што не сакаат.

Водолија

Членовите на овој знак копнеат за слобода. Таа секогаш доаѓа на прво место. Ако сте Водолија и сметате дека сексуалниот однос во кој ве водат ве спречува или обврзува, вашето либидо брзо опаѓа. Многу лесно ќе се откажете од сексот на штета на слободата. И кога имате секс – не ви е важно колку време трае. Вие сте љубопитни и нетрпеливи, а со партнерот повеќе сте привлечени кон неговата интелигенција и посветеност од неговите сексуални вештини.

Риби

Рибите го сакаат сексот, но нивната сексуална желба зависи целосно од тоа колку се чувствуваат поврзани со партнерот. Ако врската е силна, либидото на Риби е многу изразено, и ако чувствуваат малку недоверба, тие се оладуваат во еден момент и неповратно. Риби сакаат да експериментираат во секс, да играат игри, но под услов тие да бидат целосно емотивно поврзани со партнерот.

Коронавирус