сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 40
home Хороскоп

Секој збор им е лага: Не им верувајте на овие хороскопски знаци

Секој збор им е лага: Не им верувајте на овие хороскопски знаци

Луѓето лажат од различни причини, а некои тоа го прават многу почесто од останатите.

Но, додека на некои лажењето им е во крв, на други им влијаат „поинакви сили“, односно нивниот хороскопски знак. Проверете кои знаци најмногу лажат и не верувајте им на сè што ќе кажат.

Шкорпија

Луѓето родени во овој знак се „доктори за лажење“. Шкорпиите се толку добри во тоа, што дури понекогаш и самите забораваат што е вистина.

Близнаци

Лажат еднакво добро и еднакво често како Шкорпиите, но луѓето лесно им простуваат, бидејќи воглавно се многу симпатични.

Риби

На прв поглед делуваат симпатично, нежно и повлечено, но тоа всушност е нивната тактика, за послесно да ви го „свртат умот“.

Ваги

Вагите се шармантни, но и одлични манипулатори, а поради тоа лажат многу често, но и многу добро. Лажат дека би биле подобри од што се сега, исто така за лажењето се оправдуваат дека тоа го прават за да се извлечат од некој проблем или само за да биде по нивно. Воглавно, постојано лажат.

Рак

Раковите се големи лажговци, но за разлика од другите знаци, тие тоа не го прават злонамерно. Најчесто лажат бидејќи едноставно поинаку го гледаат светот околу себе, и имаат потреба да го надополнат со детали кои не постојат.

Коронавирус