среда, 12. август 2020. Вести денес: 171
home Хороскоп

Секој хороскопски знак има непријател меѓу останатите хороскопски знаци: Кој е вашиот?

Секој хороскопски знак има непријател меѓу останатите хороскопски знаци: Кој е вашиот?

Секој хороскопски знак има барем еден друг хороскопски знак со кој не се согласува. Со него не треба да си имате никаква работа, а особено не треба да го избирате за партнер.

Овен

Премногу сте импулсивни за нормално да функционирате со Јарецот бидејќи тој е премногу упорен и внимателен. Овенот и Јарецот се осудени на постојани расправии, а вие ќе се чувствувате како Јарецот постојано да ве влече назад и да ве спречува сè. Јарецот, од друга страна, ќе мисли дека вие вршите премногу притисок врз него.

Бик

Водолијата ќе ви ги искине нервите. Вие сте исклучително тврдоглави и упорни, ретко можете да гледате на работите од друг агол, да забележите нови можности и да пронајдете нови начини за решавање на проблемите, а Водолијата го прави токму тоа. Овие личности имаат решение за секој проблем, но вие ја гледате нивната креативност како провокација, а тие ја гледаат вашата реакција како отфрлање. Помеѓу вас постои голем јаз, па затоа е најдобро да не се приближувате еден до друг.

Близнаци

Останете подалеку од Скорпијата бидејќи никогаш нема да можете да ѝ го дадете она што ѝ треба. Освен тоа, вие сте личност на која многу брзо и станува здодевно и другите работи лесно ви го привлекуваат вниманието, а на Скорпијата ѝ треба многу внимание и време. Таа ќе ви се одмазди за тоа што не ѝ посветувате доволно внимание и воопшто нема да ви биде пријатно.

Рак

Со вашите опсесии брзо ќе ги протерате личностите родени во хороскопскиот знак Стрелец. Дури и ако не се плаши од вас, Стрелецот никогаш нема да биде личност која ќе може да ги цени вашето внимание и вашата љубов.

Лав

Постојат многу малку шанси да развиете убав однос со личност родена во хороскопскиот знак Риби. Иако може да има силна привлечност помеѓу вас, длабоко емотивните Риби и саможивиот Лав не може да се сложуваат.

Девица

Иако можеби мислите дека сте слични и дека целосно се разбирате со Вагите, колку повеќе време ќе поминете заедно, сè повеќе ќе сфаќате дека тоа е голема грешка.

Вага

Често ви се допаѓаат припадниците на хороскопскиот знак Девица, но тие дефинитивно не се за вас. Овие личности имаат тежок карактер на кој не може да се влијаете. Вие сте склони да ѝ го посветите целиот свој живот на саканата личност, но не постојат време и енергија што ќе ви помогнат да го остварите својот сон и да живеете заедно со Девицата.

Шкорпија

Вие живеете за љубов и за страст. Дури и ако сте сигурни дека некоја личност родена во хороскопскиот знак Близнаци е вистинската за вас, размислете повторно. Одговорноста и посветеноста што ги барате нема да ги најдете кај таа личност. Ниту најголемата љубов нема да ви помогне да се чувствувате удобно, опуштено и задоволно покрај Близнаците.

Стрелец

Можеби мислите дека со Ракот ќе се сложувате совршено, но тоа е само илузија. Не, тој не е толку храбар колку што мислите, ниту авантуристистот што го барате.

Јарец

Не ни помислувајте на Овенот. Вие не можете да направите ништо во животот без стратегии, без планови и без мерење, а Овенот е оддалечен од сето тоа колку што е оддалечен и од Месечината. Карактерот на Овенот е спротивен на вашиот и вие не можете да функционирате заедно.

Водолија

Бикот ќе ве заинтригира многу, но не можете да издржите долго време заедно, ниту како пријатели, ниту како колеги, а најмалку како љубовни партнери. Бикот ќе направи да се чувствувате вознемирено, а тоа не е добро за вашата емоционална и ментална стабилност.

Риби

Не плеткајте се со Лавот затоа што тој ќе ги изгази вашите нежни чувства. Вие сте склони да фантазирате и да сонувате, а Лавот кој е опседнат со себе и со своите потреби нема да направи ништо за да ги исполни вашите фантазии и соништа. Најдете си некоја помалку себична личност.

 

извор: kafepauza.mk

Коронавирус