понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 26
home Хороскоп

Романтични карактеристики на хороскопските знаци

Романтични карактеристики на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има свои позитивни и негативни карактеристики. Она што ќе Ве натера да засакате некој што е роден во специфичен знак е балансот помеѓу негативните и позитивните карактеристики.

Овен

Овен е првиот хороскопски знак. Луѓето родени во овој знак најчесто се однесуваат токму како новороденче, наивни се и ги прифаќаат сите нешта без прашање. Исто како децата, бараат прво да се исполнат нивните желби. Тврдоглави се и на моменти агресивни. Сепак, ова не треба да Ве наведе на погрешен заклучок дека се себични. Тие само не се способни да погледнат подалеку од сопствениот свет. Овните се динамични, бистри личности кои ќе се побунат ако се испровоцирани.

Бик

Исто како животното бик, луѓето родени во овој хороскопски знак се тврдоглави. Сепак, имаат совршена самоконтрола и вообичаено се смирени и средени. Тврдоглавоста единствено испливува на површина кога некој се обидува премногу да ги притисне.

Близнаци

Близнаците се интелигентни и досетливи. А сепак, на крајот секогаш остануваат збунети, во недоумица. Потребни им се нови нешта, за стимулација, затоа што старите нешта бргу им стануваат здодевни. Близнаците живеат безгрижни животи во кои секогаш внесуваат нешто ново. Прилично се чувствителни, особено кога станува збор за страдањето на другите.

Рак

Луѓето родени во знакот на рак имаат цела палета на емоции во себе. Во еден миг се срамежливи и исплашени, а веќе во следниот се центар на вниманието, опкружени со пријатели. Воопшто нема да се срамат и ќе уживаат во вниманието што го добиваат. Раковите многу се приврзуваат со домот и пријателите и се крајно заштитнички настроени кон нив.

Лав

Луѓето родени во овој знак сакаат да живеат со стил и си ги допуштаат сите задоволства. Сакаат да бидат центар на вниманието. Обожаваат дружење со многу луѓе. Сепак, лавовите сакаат да доминираат и бараат почит од сите. Нивната личност е подеднакво величествена колку и таа на вистинските лавови. Друга карактеристика на лавовите е тоа што се ранливи и многу лесно можат да бидат повредени.

Девица

Девиците сакаат да бидат подалеку од центарот на вниманието. Многу ретко можат да бидат видени на друштвени настани. Перфекционисти се по природа и не поднесуваат грешки. На површината одржуваат привидна смиреност, но однатре се исто толку анкциозни како и сите останати луѓе. Ако треба да се опишат со еден збор, тој збор би бил – грижи.

Терезија

Луѓето родени во знакот на терезија се вбројуваат меѓу најрационалните луѓе. Мразат нељубезност, па дури и зашеќерување на вистината доколку таа е непријатна. Имаат контрадикторна личност. Од една страна, обожаваат аргументи, а од друга, се обидуваат да ги смират караниците.

Шкорпија

Првото нешто што ќе го забележите кај Шкорпиите е маѓепсувачкиот сјај на нивните очи. Ќе Ви се чини дека со нив Ве допираат длабоко во душата и добиваат пристап до најдлабоките чувства. Неодлучноста не е карактеристика на скорпиите. Нивните одговори се или да или не. Страстни се во љубовта и знаат да мразат со истата жестина.

Стрелец

Стрелецот е огнен знак, кој се поврзува со многу позитивни карактеристики. Луѓето родени во овој знак се многу искрени и невини, речиси како деца. Оптимисти се до крајни граници и многу сакаат да се забавуваат. Секогаш ќе се потрудат да Ви дадат комплимент, но најчесто остануваат без зборови. Се обидуваат да Ве развеселат, но често им се случува да кажат нешто погрешно. Поради сево ова, стрелците најчесто се погрешно разбрани.

Јарец

Најголем дел од хороскопските знаци сакаат да бидат во центарот на вниманието, но не и јарците. Тие се оние што седат во некој скриен агол на забавата, тивко восхитувајќи се на она што е на сцената пред нив. Најчесто се срамежливи и резервирани до одредена мера. Знаат да посегнат по она што го сакаат и можат далеку да ги надминат другите луѓе, кога ќе дојде времето за тоа. Луѓето родени во овој знак се екстремно работливи, независни и самоуверени. Ги почитуваат традициите.

Водолија

Првото нешто што ќе Ви се допадне кај водолиите е фактот што тие се екстремно пријателски расположени. Ретко можете да видите личност во нивното опкружување која не им е пријател. Водолиите си ја сакаат слободата. Склони се кон чести промени на расположението. Во еден миг сакаат да се сами, следниот да се најдат среде толпа. Водолиите воопшто не се држат до нормите и вообичаените правила, поради тоа што се бунтовни.

Риби

Последниот знак во зодијакот, рибите, имаат по некоја карактеристика од сите други знаци. Рибите обично се делат на два вида – оние што одат со текот на настаните и оние што пливаат во спротивната насока. Оние што ги следат настаните обично се идеалисти, додека тие што се противат можат да направат многу во животот, затоа што се големи борци. Рибите најчесто се многу емотивни и чувствителни.

 

 

Коронавирус