петок, 3. април 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Романтичен цитат кој може да му го испратите на вашиот партнер врз основа на неговиот хороскопски знак

Романтичен цитат кој може да му го испратите на вашиот партнер врз основа на неговиот хороскопски знак

Од изненадување со појадок во кревет, купување цвеќиња или друг неочекуван подарок, има стотици начини да му покажете на партнерот колку го сакате. Ова се гестови кои вашата сакана личност сигурно ги цени, но постои и поедноставен начин да ја покажете вашата љубов.

Испраќањето порака со љубовна содржина сред работниот ден е одличен начин да му покажете на партнерот дека помислувате на него, а не мора ниту да се мачите да смислувате што ќе напишете, затоа што писателите и поетите веќе го имаат направено тоа наместо вас.

Во продолжение прочитајте каква порака да ѝ испратите на вашата сродна душа, според нејзиниот хороскопски знак.

Овен

„Љубовта е непријател на здравото расудување, а понекогаш тоа е добро.“– Тајари Џонс

Бик

„Доколку некогаш заборавиш, тука сум да те потсетам дека никогаш не престанувам да мислам на тебе.“– Вирџинија Вулф

Близнаци

„Ми се допаѓаат сјајни нешта,

но би се омажила за тебе и со хартиен прстен

така е, ти си тој што го сакам

мразам случајности, освен моментот што ме доведе до тебе

душо, ти си тој што го сакам.“– Тејлор Свифт

Рак

„За да ја имаме љубовта што отсекогаш сме ја сакале, но никогаш не сме ја имале, да уживаме во посветеноста што ја посакуваме, но не сме подготвени да ја дадеме, бараме сродна душа. Веруваме дека таа ќе не спаси и искупи. И така е, вистинската љубов има исцелителна моќ, но само ако сме подготвени за неа. Љубовта ќе нè спаси само ако сакаме да бидеме спасени.“– „bell hooks“

Лав

„Ти ја знаеш мојата желба. Имам само една. Таа го има твојот лик и твојата фигура и го држи мојот живот во своите раце.“– Анри Жувнел

Девица

„Дојди, фати ме за рака, нема да те пуштам, ќе бидам тој пријател, ќе те сакам силно, ќе бидам тој што те бакнува ноќе, ќе те сакам до крајот на животот.“– Бјонсе

Вага

„Те сакам и тоа е почетокот и крајот на сè.“– Ф. С. Фицџералд

Шкорпија

„Она што го имаме е вистинска љубов. Та е комплицирана. Интензивна. Нè троши. Но, без разлика што правиме и колку се бориме со неа, таа секогаш нè враќа назад.“– Блер Волдорф

Стрелец

„Првата љубов нè огорчува, а тоа чувство ни дава храброст да погледнеме подалеку од неа.“– Ноа Сентинео

Јарец

„Ако сакаш нешто да дознаеш и ако некогаш го прочиташ ова, сакам да знаеш дека некогаш посакував само ти да си покрај мене.“– Меги Нелсон

Водолија

„Некој целосно да ве спознае какви сте, но и покрај тоа да ве сака, тоа е човечката доблест која се граничи со чудо.“– Елизабет Гилберт

Риби

„Не можам да се сетам на часот и местото, на твојот изглед или на зборовите во кои се вљубив. Тоа се случи одамна. Веќе се фатив во „замката“ и пред да бидам свесен/на за тоа.“– Џејн Остин

 

извор: kafepauza.mk

Коронавирус