петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Хороскоп

Ретрограден Меркур и Петок 13: Пеколна комбинација, само овој хороскопски знак не мора да се грижи за тоа

Ретрограден Меркур и Петок 13: Пеколна комбинација, само овој хороскопски знак не мора да се грижи за тоа

Ретроградниот Меркур кој тргна во Близнаци, ќе продолжи со тоа темпо, па ќе премине во Бик и ќе продолжи наред дури на 4 јуни.

Ова е прилично долг временски интервал во кој ќе бидеме услужени и сите знаци ќе имаат проблем да направат рационални проценки и да постигнат добри преговори.

– Бидејќи Меркур е проблематичната планета на зодијакот, неговата ретроградна природа може да предизвика многумина да се чувствуваат малку понесреќни овој петок 13-ти отколку минатиот петок. Затоа задолжително забавете и добро размислете пред да донесете каква било одлука – изјавиле астролозите за „Елит дејли“.

Меѓутоа, заедно со ретроградниот Меркур, Јупитер пристигна во Овен по 12 години, што е прилично голем астролошки настан.

Јупитер во Овен е како незапирлива енергија која не турка напред, а како што е во Овенот, јасно е дека овој знак може да очекува среќни околности.

Јупитер ќе му донесе среќа на Овенот и ќе го намали негативното влијание на ретроградниот Мекур. Затоа астролозите се согласуваат дека Овенот не мора толку да се грижи за ретроградниот Меркур.

Ретроградниот Меркур најмногу ќе ги погоди Близнаците, Бикот, Стрелецот, Девицата, Скорпијата, Водолијата и Лавот.
БЛИЗНАЦИ – Ретроградниот Меркур ви носи проблеми околу станот или едниот родител. Сè што ќе завршите ќе биде тешко, па најдобро е да бидете трпеливи со важни одлуки до 4 јуни.

БИК – Одвраќање, нервоза и проблеми и комуникација! Пазете се од лажни ветувања, но внимавајте и во сообраќајот.

СТРЕЛЕЦ – На емотивен план ќе имате проблем да ја разберете саканата личност. Ќе очекувате конкретен план со саканата личност, а тоа ќе биде одложено.

СКОРПИЈА – Втората половина на мај ќе ви биде тешка во емотивна смисла. Ниту вие, ниту партнерот нема да ве разберете.

ДЕВИЦА – Деловни компликации до 4 јуни. Очекувајте недоразбирања и одложувања во преговорите.

ВОДОЛИЈА – Од 24 мај очекувајте семејни компликации и дефекти во станот.

ЛАВ – Негативното влијание на ретроградниот Меркур ќе го трпите од 24 мај кога е во Бик, па затоа треба да бидете подготвени да ги одложите деловните планови.

Коронавирус