вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 163
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Рецепт на денот: Домашна пита со праз и сирење

Рецепт на денот: Домашна пита со праз и сирење

Ако денеска имате повеќе време за готвење, а немате идеја, погледнете го овој рецепт.

Состојки:

Едно јајце

175 гр. брашно

100 гр. зејтин

Три струка праз

Сол, бибер

100 гр. тврдо сирење

Една кисела павлака

Начин на подготовка:

Измешајте брашно, јајце и зејтин по потреба додајте малку ладна вода додека да добиете меко тесто. Расукајте го и обложете ја кората во тавчето.

Празот динстувајте го додека да омекне, зачинете со сол и бибер, потоа тргнете го од огин и измешајте павлака и рендано сирење. Распоредете го филот по тестото и печете во рерна на 190 степени околу 30 минути, додека да добие златна боја.

извор: kajgana.com

Коронавирус