петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Хороскоп

Размислувате за врска на далечина? Избегнувајте ги овие 3 хороскопски знаци

Размислувате за врска на далечина? Избегнувајте ги овие 3 хороскопски знаци

Многу парови, поради моменталната ситуација во светот, се принудени својата врска да ја одржуваат на далечина.

Меѓутоа, за некои хороскопски знаци ова не е идеално решение, а еве кои се тие:

Близнаци

Близнаците се лош избор за врска на далечина поради тоа што често знаат да бидат неодлучни и никогаш не сте на сигурно на што сте со нив. Понекогаш мислите дека сè е во ред, а тоа е далеку од вистината. Многу е лесно за Близнаците и да бидат во две врски, а ниту еден од партнерите да не се посомнева во тоа.

Лав

Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието. Ако нивниот партнер не може да го исполни ова баш кога на нив ќе им падне напамет, едноставно ќе пронајдат некој кој им е близу. Во нивниот идеален свет, саканата личност мора да се „создаде“ таму каде што тие сакаат и кога тие сакаат, а кај врската на далечина тоа не е можно.

Водолија

Водолиите ја сакаат слободата и важат за уметнички души. Дружењето со пријателите им е на прво место, а кога ќе се случи нешто лошо или некој ќе ги повреди, утехата прво ја бараат кај партнерот. Ако станува збор за врска на далечина, тешко дека ваквите ситуации можат да се предвидат, па Водолијата може да се почувствува изневерено и повредено.

Коронавирус