вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Хороскоп

Ранг листа: Кои мажи се најдобри според хороскопските знаци?

Ранг листа: Кои мажи се најдобри според хороскопските знаци?

Со кого ќе имате убав живот, а кого е подобро да го избегнете за да не настрадате? Проверете што велат ѕвездите за тоа. Еве ја ранг-листата составена од најдобри и најлоши партнери според хороскопските знаци. Дали ќе изберете примерен сопруг и татко или вечен Петар Пан, од вас зависи.

  1. место – Близнаци

Интелигентен, сјаен, забавен, совршен пријател – но тој е целосно неподобен маж. Непредвидлив е и никогаш не знаете што смислува во својата глава. Има совршен одговор на секое прашање, но не знае дали е фрижидерот полн. 90% е веројатноста дека ќе заборави да ги земе децата од училиште. Забавен е, ама, незрел – вечен Петар Пан. Никогаш го нема кога ви треба. Покрај тоа, тој не ги контролира своите трошоци и склон е кон зависности – посебно кон коцкањето.

  1. место – Стрелец

Шармантен е, прекрасен во водењето љубов и може да го заведе кого било. Стрелецот ви ветува „брда и долини“, но не очекувајте од него да го одржи зборот. Мажите, припадници на овој знак, најмногу го сакаат тоа што моментално го немаат и секогаш тежнеат да го добијат. Постојано си поставуваат нови цели и предизвици и кога ќе успеат да ги постигнат – брзо им здосадуваат. Може да бидете со него ако ги делите истите страсти и спремноста постојано да се борите со предизвици.

  1. место – Риби

Интересно е со господинот Риби, но мажот со овој астролошки знак не е најдобар кандидат за сопруг. Често ги менува расположението и ставовите, а тоа што еднаш е воспоставено за него не е задолжително. Мажот Риби мрази рутини, а исполнувањето на секојдневните обврски го вознемирува. Исто така, не сака да плаќа сметки, да пазари и да се грижи за семејството. Ако не очекувате премногу одговорност од него, тоа може да биде подносливо.

  1. место – Водолија

Креативен е, енергичен и друштвен – тешко е да се најде подобар другар од него меѓу партнерите. Но, тој е во состојба да го вознемири и најсмирениот партнер. Сè заради тврдоглавоста и неспособноста да се почитуваат кои било правила. Посебно затоа што има неконвенционални ставови за многу прашања. Може да ги инспирира децата на оригинални идеи, но често е многу себичен.

  1. место – Шкорпија

Морате внимателно да постапувате со него. Скорпиите се страсни, но може да бидат многу посесивни. Сакаат да го имаат партнерот постојано покрај себе и ќе направат сè за тој да остане близу нив. Мажот Скорпија сака да биде во право, а кога не се согласувате со него, тоа може да доведе до кавга. Лесно се „пали“ во кавги – но, исто и за љубов. Сигурно нема да се жалите на недостаток од страст.

  1. место – Овен

Овенот има душа на борец. Храбар е, енергичен и не се плаши да се соочи со проблемите. Меѓутоа, е многу тврдоглав, импулсивен и нервозен. Често му се случува прво нешто да направи, а потоа да проверува дали е во право (што некогаш е шармантно, но некогаш дефинитивно не е). Со него не е лесно, но истовремено е многу емотивен и страстен. Може да се бори за своето семејство.

  1. место – Рак

Веројатно ќе беше погоре во ова рангирање, да не беше толку емотивен. Кога е сè добро, овие мажи се „вивнати до небото“, но ако нешто не е како што треба, ќе имате лоши моменти. Може да биде прекрасен татко и грижлив сопруг, но некогаш претерува со својот заштитнички однос. Исто така, сака да го контролира целото семејство.

  1. место – Бик

Ова е неверојатен кандидат за маж. Смирен, подготвен да направи сè за својата жена и децата. Сонува за голема куќа во која би можел да живее со семејството. Можете да бидете сигурни дека ќе ја оствари оваа цел. Тој сè што може ќе направи за неговите најмили да бидат добро. Но, со него не треба да „војувате“ – тогаш може да се претвори во бесен ѕвер.

  1. место – Вага

Романтична душа. Дури и по 10 години од венчавката нема да престане да ве уверува во својата љубов и ќе ви подготвува изненадувања. Кафе во кревет, подароци без повод – тоа е неговиот стил. Меѓутоа, не барајте од него да се одлучи. Вагата сака да води мирен живот, без кавги и неуспеси, сегде каде што е тоа можно. Затоа барајте компромиси и… баланс.

  1. место – Јарец

Не е лесно да го освоите неговото срце. Јарецот е интелигентен, духовит и чесен. Кога нешто еднаш ќе одлучи, мора да ја постигне својата цел. Тој, исто така, е „тркач на долги стази“. Ако бидете со него, може да сметате на стабилност и преданост од негова страна. Но, да се биде на теренот со него, понекогаш, е прилично тешко, затоа не правете романтични паузи. Како и да е, најчесто е многу мил.

  1. место – Лав

Многу жени сонуваат за ваков маж. Лавот е многу грижлив и прави сè за неговата избраничка да се чувствува посебно. Тој ќе внимава на вас, а затоа што сака раскошен живот – сигурно тоа ќе го покаже и на поопиплив начин. Лавовите, исто така, се многу снаодливи и обично професионално добро се снаоѓаат. Од партнерот очекуваат еднакво внимание и почит – во спротивно нема да бидат задоволни во врската.

  1. место – Девица

Можеби не постојат беспрекорни мажи, но од сите хороскопски знаци, Девицата е сопруг кој е дефинитивно најблизу до идеалот. Корисен, грижлив, семеен и симпатичен, и може добро да се грижи за децата. Обично има добра работа, но упатен е и во домашните обврски. Својата друга половина ја третира како партнер и – што е најважно – ѝ верува. Лоши страни – премногу е педантен.

 

извор: kafepauza.mk