четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 67
home Хороскоп

Ракот ужива во љубовта, Вагата размислува за брак – Дневен хороскоп

Ракот ужива во љубовта, Вагата размислува за брак – Дневен хороскоп

ОВЕН

Поволен ден за работа. Може да очекувате дека ќе успеете да остварите некои важни успеси на ова поле. Доколку сте во заедница или брак, потребно е да бидете флексибилни и подготвени за компромиси. Вкочанетост во пределот на вратот.

БИК

Многу е важно да се посветите на својата работа и во клучни моменти да покажете храброст за преземање иницијатива. Ви се допаѓа личност која засега се држи на дистанца и не покажува интерес. Водете сметка за својата чувствителна кожа.

БЛИЗНАЦИ

Можеби имате потреба за промени на ова поле но, сѐ уште немате адекватна понуда за нова работа. Не ви се допаѓа љубомората на партнерот. Неговиот посесивен став ја гуши вашата природа. Водете сметка за жолчката.

РАК

Може да очекувате можност да ја зголемите својата заработка. Пред вас е поволен период за работа. Може да се надевате на романтичен ден со саканата личност. Уживате во љубовта која ја имате. Чувствителен урогенитален тракт.

ЛАВ

Прилично сте нервозни и на деловно поле заземате еден погрешен став. Можно е да имате многу турбуленции. Вам ви е многу важно да му се посветите на партнерот и да уживате со него. Водете сметка за внесувањето на течности.

ДЕВИЦА

Не би требало да имате напорен или стресен ден. Сите настани одат според планот, онака како што сте се надевале. Мечтаете за личноста која ви се допаѓа и со која сакате да остварите нова љубовна врска. Можен е пад на имунитетот.

ВАГА

Сериозно размислувате за промени на ова поле. Можно е наскоро да добиете понуда за работа во странство. Постепено може да напредувате и заедно со саканата личност да размислувате за брак. Проблеми со синусите.

ШКОРПИЈА

Доколку сте без работа, може да очекувате нова можност. Понудата доаѓа од страна на познаник или пријател. Ве очекува средба со личност која ќе покаже дека сака врска со вас. Многу добра состојба на полето на здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Подготвени сте да се посветите на работата и да го решите проблемот кој го имате. Важно е да издвоите доволно време. Можна е нова врска наскоро и тоа со личност која ја познавате од претходно. Склони сте кон пукање на капилари.

ЈАРЕЦ

Дојдовте до момент во кој е неопходно да донесете нова, важна одлука на деловно поле. Сакате да ја задржите саканата личност и вашата врска да напредува. Потребно е повеќе да се прилагодувате еден на друг. Склони сте кон дебелеење.

ВОДОЛИЈА

Работите под голем притисок и поради тоа не се чувствувате добро. Можно е постојано да сте под стрес. Очекувате поддршка од страна на партнерот кој понекогаш делува како да не е на ваша страна. Болки во зглобовите.

РИБИ

Не сте доволно сконцентрирани на работното место, па може да направите некои грешки. Можеби не сте заинтересирани за почеток на нова врска сега и потребно ви е време за себе. Осцилации во расположението.