вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хороскоп

Ракот сака да ја смени работата, Бикот им се препушта на чувствата

Ракот сака да ја смени работата, Бикот им се препушта на чувствата

ОВЕН

Не ве очекуваат големи промени во текот на денешниот ден. Работната ситуација ви се одвива по план. Сакате да ви се случи нова љубов и да уживате. Подготвени сте да се посветите на своите емоции. Здравјето оди на подобро.

БИК

Имате прилика да го покажете талентот и умешноста. На работното поле ви се гледа значаен напредок. Се препуштате на своите чувства сега. Може да очекувате поволен ден за почеток на нова врска. Потребен ви е одмор.

БЛИЗНАЦИ

Ќе бидете задоволни од работната ситуација. Поволен ден малку да се одморите затоа што не сте оптоварени со работата. Можно е на љубовното поле на некој начин ќе бидете подготвени на компромис. Внесувајте повеќе вода.

РАК

Сакате да го менувате работното место. Очекувајте дека ќе добиете некоја помош од страна. Можно е односот со саканата личност да не е онаков како што сте се надевале дека ќе биде. Не сте среќни поради тоа. Главоболка.

ЛАВ

Можно е да сте наклонети кон правење грешки на полето работа и да не ви е лесно со тоа да се соочите. Партнерот нема доволно доверба кога сте вие во прашање. Можни се караници поради љубомора. Алергии.

ДЕВИЦА

Важно е да бидете исклучиви на работното поле и со соработниците да покажете подготвеност на компромис. Лошо се чувствувате во односот со саканата личност затоа што таа ви посветува се помалку време. Хранете се здраво.

ВАГА

Околностите во кои се наоѓате на ова поле моментално ги задоволуваат вашите потреби. Вашиот однос со саканата личност може да се менува на подобро, но потребно е да вложите повеќе труд и да бидете искрени. Водете сметка околу синусите.

ШКОРПИЈА

Имате важни планови кога е во прашање вашата работа и подготвени сте да се насочите на некој вид напредок. Партнерот покажува дека искрено му значите. Очекувајте планови за заедница. Проблеми со штитната жлезда.

СТРЕЛЕЦ

Работното поле може да ви биде неповолно поставено денеска. Можно е да не сте задоволни од околностите. Ако сте слободни, ве очекува период во кој ќе почувствувате дека сте подготвени за љубов. Внесувајте повеќе течности.

ЈАРЕЦ

Подготвени сте да се посветите на својата работа максимално, за во иднина да имате финансиска стабилност. Ако ви се допаѓа личност која е поврзана со странство, можен е почеток на врска. Водете сметка околу имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Потрудете се на полето работа да бидете доволно одмерени за да не влегувате во конфликти. Осаменоста не ви годи. Чувствувате дека сте подготвени да влезете во нова врска. Грлото ви е чувствително.

РИБИ

Не е претерано поволен ден кога е во прашање вашето работно поле. Можно е некакво разочарување. Ако сте слободни, се досадувате. На видик нема ново познанство. Ве мачи вртоглавица.

Коронавирус