среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Хороскоп

Ракот решен да ја смени работата, Шкорпијата има важни планови

Ракот решен да ја смени работата, Шкорпијата има важни планови

ОВЕН

Не ве очекуваат големи промени во текот на денешниот ден. Работната ситуација ви се одвива по план. Сакате да ви се случи нова љубов и да уживате. Подготвени сте да се посветите на своите емоции и да се препуштите. Здравјето оди на подобро.

БИК

Имате прилика да го покажете својот талент и умешност. На работното поле ви се случува значајно поместување. Препуштајте се на своите чувства. Може да очекувате поволен ден за почеток на нова врска. Ви треба одмор.

БЛИЗНАЦИ

Ќе бидете задоволни од работната ситуација. Поволен ден малку да одморите, затоа што не сте оптоварени со работа. Можно е на љубовното поле на некој начин сега да бидете подготвени на компромис. Ќе ви годи повеќе вода.

РАК

Решени сте да го смените работното место. Може да очекувате дека ќе добиете некоја помош од страна. Можно е односот со саканата личност да не е онаков каков што сте се надевале дека ќе биде. Не сте среќни поради тоа. Главоболка.

ЛАВ

Можно е да сте наклонети на правење на грешки на полето работа и не ви е лесно со тоа да се соочите. Партнерот нема доволно доверба кога сте вие во прашање. Можни се караници поради љубомора. Можно е да имате алергии.

ДЕВИЦА

Важно е да не бидете исклучителни на работното поле и на соработниите да им покажете подготвеност за компромис. Лошо се чувствувате во односот со саканата личност затоа што таа ви посветува се помалку време. Поработете на подобра исхрана.

ВАГА

Околностите во кои се наоѓате на ова поле, моментално ги задоволуваат вашите потреби. Вашиот однос со саканата личност може да се менува на подобро, но потребно е и вие да вложите повеќе труд и да бидете искрени. Водете сметка околу синусите.

ШКОРПИЈА

Имате важни планови кога е во прашање вашата работа, и подготвени сте да се насочите кон некој вид напредување. Партнерот покажува дека му значите. Може да очекувате планови за заедница. Внимавајте на штитната жлезда.

СТРЕЛЕЦ

Работното поле може да ви биде неповолно денеска. Можно е да не сте задоволни од околностите. Ако сте слободни, ве очекува период во кој ќе почувствувате дека сте подготвени за љубов. Зголемете го внесувањето на течности.

ЈАРЕЦ

Подготвени сте да се посветите на работата максимално, за во иднина да имате финансиска стабилност. Ако ви се допаѓа личност која е поврзана со странство, можен е почеток на врска. Водете сметка околу имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Потрудете се на полето работа да бидете доволно смирени за да не влегувате во конфликти без потреба. Осаменоста не ви годи. Се чувствувате подготвени да влезете во нова љубовна врска. Грлото ви е чувствително.

РИБИ

Не ви е претерано поволен ден кога е во прашање вашето работно поле. Можно е некое разочарување. Ако сте слободни, се досадувате. На видик нема ново познанство. Вртоглавица ве мачи.

Коронавирус