петок, 13. декември 2019. Вести денес: 124
home Хороскоп

Ракот пред пресудни одлуки за иднината, Лавот да избегнува алкохол

Ракот пред пресудни одлуки за иднината, Лавот да избегнува алкохол

ОВЕН

Не ви е лесно да се решите од проблемите кои толку ве оптоварувале, затоа што немате со кој да ги споделите. Се повлекувате во себе и не ги забележувате сите можности за нови познанства кои ви се укажуваат. Наклонетост кон гоење.

БИК

Чувствувате дека ви се потребни промени на работното поле, но нема да можете брзо да ги почнете. Една личност ќе покаже интерес за вас, а на вам ќе ви треба време да одлучите дали сакате врска со неа. Проблеми со несоница.

БЛИЗНАЦИ

Премногу се потпирате на други луѓе и не ви е лесно некои работи да ги превземете на себе и сами да ги завршите. Ќе запознаете личност која во вас ќе разбуди љубопитност, но и чувство на несигурност и страв. Нервниот систем ви е чувствителен.

РАК

Денеска можете да донесете пресудни одлуки за вашата иднина. Пред вас е добар ден. Се чувствувате осамено, иако сте во врска и не сте задоволни од односот со партнерот. Хронични проблеми.

ЛАВ

Многу е веројатно да морате да менувате некои работи на полето работа во следниот период. Сфаќате дека вашиот партнер сака да му бидете максимално посветени и неговата посесивност ви пречи.  Избегнувајте алкохол.

ДЕВИЦА

Финансниските пресврти ви носат доста стрес и тензии и се чувствувате како тлото под нозете да ви бега. Можно е да имате проблеми во врската поради партнерот кој кон вас не е искрен. Проблеми со уринарен тракт.

ВАГА

Можно е да правите големи грешки кога е во прашање работа и дека ќе ви биде потребно доста време да ги исправите. Иако чувствувате дела постојат големи проблеми меѓу вас и саканата личност, вие се борите за љубов.  Главоболка.

ШКОРПИЈА

Дошло време да се посветите околу тоа да ја проширите својата работа, и некои работи да менувате полека на подобро. Свесни сте колку маани има вашиот партнер, но го прифаќате без оглед на се, затоа што навистина се сакате. Проблеми со бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Можно е долго да чекате на остварување на проект кој ќе ви донесе подобрување на финансиите. Моментално љубовта не ви е на прво место, и повеќе сте свртени кон некои други работи. Ве мачат проблеми со хроничен умор.

ЈАРЕЦ

Вие не сакате да се прилагодувате кон другите и на работното поле да најдете најдобро можно решение. Вашата врска полека доаѓа до неповолна фаза, и ви се јавуваат нови проблеми. Проблеми со алергии.

ВОДОЛИЈА

Имате повеќе слободно време во текот на денешниот ден затоа што не ве очекуваат голем број на обврски. Сè сте посигурни дека покрај моменталниот партнер сакате да остварите стабилност на љубовното поле. Не би требало да има проблеми.

РИБИ

Фрустрирани сте поради однесувањето на своите соработници и на работното поле ве следи нервоза и проблеми. Многу ви е убаво со моменталниот партнер и се чувствувате добро кога поминувате време заедно. Проблеми со притисокот.