понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Хороскоп

Ракот да избегнува алкохол, на Рибите им се враќа поранешната љубов

Ракот да избегнува алкохол, на Рибите им се враќа поранешната љубов

ОВЕН
На работното поле ве очекува прилично добар ден, можете да се надевате дека ќе има можност за одмор и релаксација. Ви се допаѓаат две различни личности и некое време ќе имате голема дилема на која страна да застанете. Можни се респираторни инфекции.

БИК
Можете да очекувате позитивна можност за промена на работата. Околностите во кои се наоѓате се во ваша корист. Ве очекува ново познанство кое може да доведе до сериозна врска. Подготвени сте за нови чекори на ова поле. Истакнати се стомачните проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Може да очекувате добар ден за остварување нови деловни контакти кои ќе ви бидат важни на долг рок. Ви се допаѓа личност со која имате пријателски односи, но не сте подготвени да ја преминете таа граница. Намален имунитет.

РАК
Ги следите важните случувања на полето на работата и многу е важно да имате јасна визија и јасна цел која сакате да ја постигнете. Ве очекува интересна атмосфера за нови познанства. Полето на флерт ви е многу добро поставено. Избегнувајте алкохол.

ЛАВ
Ве очекува многу поволен ден за нови случувања и мали деловни промени. Многу комуникативна личност суптилно ќе го покаже својот интерес за вас и наскоро ќе започне врска. Полни сте со енергија!

ДЕВИЦА
Ви треба малку време да се соберете и да донесете важни одлуки на полето на работата. Не сте задоволни и сакате нова љубов. Долго време се чувствувате осамено и ви требаат емоции со некој нов. Можни проблеми со несоница.

ВАГА
Можете да се надевате на позитивни промени на полето на заработка. Имате добри шанси да добиете повеќе пари. Ќе имате интересна комуникација со една личност која ќе покаже сериозни намери кон вас. Можни се проблеми со циркулацијата.

ШКОРПИЈА
Важно е да бидете отворени и спремни за компромиси во деловното опкружување доколку сакате нова соработка. Денеска не очекувате големи промени на љубовно поле. Сега не сте премногу посветени на емоциите и тоа не ви е приоритет.

СТРЕЛЕЦ
Можно е да размислувате за долговите кои ве следат и поради тоа да се чувствувате несигурно и незадоволно. Вашите емоции се многу променливи во овој период и сè укажува дека се уште нема индикации за сериозна врска. Можни се проблеми со тироидната жлезда.

ЈАРЕЦ
Не сте доволно фокусирани на работата и најдобро би било да земете слободен ден и малку да се одморите. Ако партнерот ве повредил, нема лесно да му простите. Ви претстои неповолен период кој носи љубовни разочарувања. Можни се вртоглавици.

ВОДОЛИЈА
Имате многу идеи и сте многу креативни, секогаш наоѓате нови начини да го подобрите вашиот деловен статус. Ви се допаѓа личност со која можете да очекувате минлива врска и краткотрајна љубовна авантура. Прилично сте уморни и ви треба сон.

РИБА
Имате добар ден да ги анализирате деловните настани и да донесете нови одлуки на ова поле. Може да очекувате да иницирате комуникација со личност со која пред извесно време сте имале љубовна врска. Се враќа поранешната љубов. Би уживале во масажа.

Коронавирус