недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Хороскоп

Работи кои хороскопските знаци никогаш нема да ви ги признаат

Работи кои хороскопските знаци никогаш нема да ви ги признаат

Секој од нас крие некоја тајна, нели? Понекогаш сакаме, по секоја цена, да скриеме и дел од карактерот или навиките, со цел да доловиме помоќна слика од себеси пред другите.

Раковите се прилично лути најголем дел од времето, иако нема да дозволат никогаш да го видите тоа. Стрелците се плашат од обврски… дознајте кои работи знаците нема никогаш да ви ги признаат:

Овен – немаат поим што прават

Во најголем дел од времето, Овните се прилично збунети и несигурни. Но, своите недоумици ги чуваат длабоко закопани во себе. Овните се секогаш во центарот на вниманието и сакаат да ја покажат сопствената сила, индивидуалност и сигурност, која полека преминува во доминација.

Сопствената збунетост и несигурност често пати ја маскираат со нетолеранција и горделивост.

Бик – љубовта ги плаши

Ја обожаваат романтиката, но љубовта е онаа која вистински ги плаши. Тешко го лекуваат скршеното срце. Радо би го посветиле своето време и внимание на кариерата или купувањето на некој луксузен предмет кој го посакуваат.

Така барем знаат дека тој нема никогаш да ги навреди или да ги остави повредени и уништени.

Близнаци – не ги сфаќаат сопствените постапки

Секогаш енергични, подготвени да учат и да создаваат, немирните Близнаци сепак не може да останат доследни и до крај да ја реализираат идејата.

Понекогаш ќе вложат премногу труд и време и пред самиот крај ќе кренат раце од целта. Расположението и потребите им се менуваат од ден во ден, па некогаш и самите не можат да го најдат крајот на сопствените постапки.

Рак – прилично се гневни и лути

Најнежната, емотивна душа во хороскопот всушност носи потиснат гнев и лутина во себе во најголем дел од времето.

Светлата страна на оваа мрачна особина е тоа што лутината главно се однесува кога некој ќе ги „штипне“ нивните најблиски, односно нивното семејство. Тогаш Раковите се безмилосни противници.

Лав – сака само да го гушнат

Егоцентрични, родени лидери, секогаш во центарот на вниманието… понекогаш на Лавовите им е премногу тешко излезат од улогата на семоќен, роден лидер.

Сè што сакаат е една искрена, цврста прегратка и малку тишина, без дополнителни драми и зборови. И онака имаат премногу од тоа во секојдневниот живот.

Девица – премногу се самокритични

Однадвор зрачат со аура на неверојатна смиреност. Тие се секогаш организирани, практични, методични и изгледа како да не им бегаат конците од раце во ниту една ситуација.

Девиците сепак, се многу незадоволни од своите постапки и себеси, иако многумина посакуваат да го имаат нивното изострено чувство за ред и организација.

Вага – постојано ги одложуваат работите

Праведни, сакаат да има баланс помеѓу нештата и често пати избегнуваат конфликти за „мир во куќата“. Но, она што успешно го кријат е нивната мрзеливост.

Вагите мразат кога некој ги брза и сакаат работите да бидат завршени тогаш кога тие го решиле тоа, макари доцнеле цел еден ден. понекогаш, на сметка на други задоволства, намерно и свесно ги одложуваат битните обврски.

Скорпија – само сакаат да бидат сакани

Решителни, моќни и мрачни, Скорпиите се во состојба попрво да се „изедат и самоуништат“ самите себе, отколку тоа да го направи некој друг. Но, длабоко во срцето тие сакаат само да бидат сакани од страна на другите.

Можат лесно да се изборат за туѓото внимание, почит, па дури и да им влеат страв во очите на противниците. Но, Скорпиите сакаат чиста, искрена љубов и лојалност.

Стрелец – се плаши од обврски

Ова можеби е најлошо чуваната тајна во зодијакот. На авантуристички настроените Стрелци последно нешто што им паѓа на памет е да се „скрасат покрај некого“.

Нивната независност е карактеристика со којашто се гордеат, и не сакаат туку-така да ја фрлат сопствената слобода и комоција во вода. Се плашат од обврски и сметаат дека умешно ја чуваат сопствената тајна (иако не е баш така).

Јарец – не веруваат никому

Амбициозни, посветени и многу дисциплинирани, на Јарците им е најтешко да се доверат некому или да ги препуштат сопствените задачи на некој друг.

„Ако сакаш работата да биде добро завршена, направи ја сам“, тоа е нивното мото. Јарците се практични и не вложуваат емоционален напор, бидејќи сметаат дека емоциите немаат место во нивната прагматичност.

Водолија – имаат чувство дека не припаѓаат никаде

Водолиите и онака се прилично специфични и најсреќни се кога се опкружени со необични луѓе и идеи кои излегуваат надвор од строго утврдениот шаблон.

Сепак, дури и во таквите ситуации, имаат чувство дека не припаѓаат и сите ги гледаат попреку. Ваквиот страв најчесто не им дозволува да ја покажат нивната забавна и лидерски насочена природа.

Риби – премногу лесно се врзуваат со некого

Премногу брзо се вљубуваат, премногу брзо се спријателуваат. Рибите се свесни за оваа своја негативна особина и мразат кога некој друг им ја истакнува.

Премногу им се посветуваат на другите, но неретко „забегуваат“ во улогата на жртва, кога никој не побарал ништо од нив. Кога ќе се разочараат од партнерот или пријателот, веднаш стапуваат во акција и потрага по нов, за кого веруваат дека ќе биде „вистинскиот“.

Извор: crnobelo.com