понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 78
home Хороскоп

Промени за близнаците, Девицата мора на диета: Ова е вашиот дневен хороскоп

Промени за близнаците, Девицата мора на диета: Ова е вашиот дневен хороскоп

Дневен хороскоп за 27.06.2019-та:

ОВЕН

Работа: Завземете еден одреден став и борете се за него до крај. Немојте да ја трошите својата енергија за споредни цели.

Љубов: Ако сакате промени, многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате.

Здравје: Чувствителен е пределот околу градниот кош.

БИК

Работа:  Можно е да се прашувате какви обврски на ова поле ве очекуваат во иднина. Не ви е лесно да дојдете до извесност на полето работа.

Љубов: Ќе успеете да ја освоите личноста која ја сакате, и која ви значи.

Здравје: Можни проблеми со кашлица.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Доколку пред вас се нови случувања, подгответе многу енергија за промени. Нема да оди се лесно.

Љубов: Ве чека можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате симпатии.

Здравје: Проблеми со притисокот.

РАК

Работа: Може да очекувате дека на ова поче ќе остварите стабилна ситуација. Имате прилика да дојдете до подобра соработка.

Љубов: Ако сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Ден е поволен и за зафатените.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

ЛАВ

Работа: Можно е потпишување на договори. Видете ја добро секоја ставка пред да се одлучите на таков чекор.

Љубов: Сакате да направите промени на ова поле, и важно ви е саканата личност да размислува во ист правец.

Здравје: Избегнувајте цигари.

ДЕВИЦА

Работа: Финансиската ситуација може да биде позитивна кај вас ако се потрудите да донесете исправни одлуки.

Љубов: Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени чувства. Време е вашата врска да напредува.

Здравје: Поволен е периодот за почеток на диета.

ВАГА

Работа: Пробајте да одржите стабилна ситуација на ова поле. Дајте си себе време да научите нови тајни на својот занает.

Љубов: Имате впечаток дека партнерот станал ладен кон вас. Можно е наскоро да раскинете.

Здравје: Наклонети сте кон депресија.

ШКОРПИЈА

Работа: Слушајте ја својата иницијатива и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се свртите кон нови извори на заработка.

Љубов: Не е поволен денот, ве очекува разочарување врзано за нова личност.

Здравје: Можни проблеми со нервниот систем.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е да се трудите да дојдете до промена, но тоа не ви поаѓа од рака. Покажете малку повеќе трпение.

Љубов: Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со тоа.

Здравје: Ќе ви годи масажа.

ЈАРЕЦ

Работа: Не е поволен ден за ова поле. Може да очекувајте некоја компликација.

Љубов: Можно е да ви се отвора нова прилика да освоите личност кон која имате чувства уште од далечното минато.

Здравје: Внимавајте на црниот дроб.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е да ви се нуди шанса за напредок и секако треба таа шанса да ја искористите.

Љубов: Ви делува дека партнерот не се поставил фер кон вас, и тоа не ви се допаѓа.

Здравје: Проблеми со забите.

РИБИ

Работа: Размислувате околу почеток на приватна работа но како и натаму да не сте подготвени за тоа.

Љубов: Доаѓате до контакт со личност со која сте посакале сериозна врска. Прашање е дали тоа можете да и го пружите.

Здравје: Ситуацијата е се подобра.