понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хороскоп

Причини за раскинување: Овенот не поднесува посесивност, Стрелецот мрзливост

Причини за раскинување: Овенот не поднесува посесивност, Стрелецот мрзливост

Секоја врска е посебна на свој начин, но има некои работи кои не ги толерираме кај никого.

Дел од оваа нетолеранција има врска со карактеристиките на нашиот хороскопски знак, односно работите кои се црвен аларм во секоја ситуација, од секого.

Ова се најчестите причини поради која раскинуваат припадниците на секој од хороскопските знаци.

ОВЕН: Посесивност

Независните Овни најтешко поднесуваат посесивни партнери покрај кои би се чувствувале дека немаат слобода или простор за дишење. Повеќето припадници на овој знак не би се откажале од својата слобода и независност за никого, па не се обидувајте да ги ставите во кафез, па макар бил и златен.

БИК: Непочитување

Горделивите Бикови ги темелат своите вредности на принципот на чесност и не поднесуваат некој да не ги цени или почитува. Тоа особено важи за партнерите: љубовта не може да го надомести ни најмалиот знак на непочитување. Бикот ќе ви заврти грб и никогаш нема да погледне назад.

БЛИЗНАЦИ: Резервираност

Луѓето родени во овој знак сакаат да водат активен социјален живот и често да излегуваат. Повлечени и недруштвени луѓе кои нема да можат да ги следат во чекор нема да останат долго во нивниот живот, без разлика на емотивната поврзаност.

РАК: Затвореност

Емотивните Ракови сакаат да ги покажуваат и искажуваат чувствата и од партнерите го очекуваат истото. Исто така не сакаат таинственост и сакаат со партнерот да споделуваат сѐ. Затворените и таинствени личности можеби ќе ги заинтересираат на кратко, но нема да останат со нив.

ЛАВ: Срамежливост

Лавовите сакаат да се центар на вниманието и нема да се откажат од тоа на сметка на партнерот кој е срамежлив и се крие во позадина. Сакаат партнери со подеднаква доза на самоувереност со кои взаемно ќе се туркаат напред и ќе си делат пофалби.

ДЕВИЦА: Пасивност

За амбициозните Девици во животот многу се важни кариерата и успехот. Затоа, луѓето кои се пасивни и незаинтересирани едноставно не може долгорочно да останат во животот на Девицата.

ВАГА: Негативност

Вагите на светот гледаат низ розови очила и сакаат да бидат опкружени со луѓе кои дополнително ги полнат со позитивна енергија. Во нивниот живот нема место за негативност и драма, а тоа значи ни за луѓе кои ги „красат“ овие особини.

ШКОРПИЈА: Неискреност

Најлошото нешто што може да ѝ го направите на Шкорпија е да ја излажете. Ги презираат луѓето кои лажат, а ако откријат дека партнерот нешто криел од нив, сѐ е завршено. Нема да ви помогнат ни солзи, ни молење.

СТРЕЛЕЦ: Мрзливост

Овие авантуристи секогаш се подготвени за акција и сакаат да го искористат денот до максимум. Партнерот кој не ги споделува овие афинитети нема да може да го издржи темпото, но и да не се откаже, Стрелецот ќе му каже „чао“.

ЈАРЕЦ: Неодговорност

Личностите родени во овој знак најчесто се најодговорните во друштвото. Тоа не ги прави најпопуларни, ама тоа не ги загрижува. Иако го толерираат неодговорното однесување од другарите, тоа не важи и за партнерите. Неодговорноста како карактеристика на партнерот за нив е главна причина за раскинување на врската.

ВОДОЛИЈА: Практичност

Водолиите се родени сонувачи и речиси никогаш вистински не „пораснуваат“. Ако сфатат дека личноста со која се повеќе гледа на врската од практичен аспект, па уште и се обидува да ги „приземји“, Водолиите ја прекинуваат врската без многу размислување.

РИБИ: Бесчувствителност

Емотивните и претпазливи Риби обично ги кријат своите емоции од другите, но на сметка на тоа очекуваат дека ќе може со партнерот да бидат целосно отворени. Луѓето кои се емотивно недостапни и груби во односите со нив и со другите и кои немаат разбирање за туѓите чувства, нема да бидат долгорочен избор на Рибите.

 

Коронавирус