среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 19
home Хороскоп

Пет хороскопски знаци со кои е најлесно да станете непријатели

Пет хороскопски знаци со кои е најлесно да станете непријатели

Тенка е границата меѓу љубовта и омразата, но кај некои хороскопски знаци е уште потенка. Зависно од тоа кога се родени, со некои луѓе ќе се замерите многу полесно отколку со други, а со овие пет знаци во хороскопот е најлесно да станете непријатели.

  1. Овен

Со непредвидливите Овни лесно може да се замерите во кој било момент, а кога тоа ќе се случи очекувајте експлозивна реакција од нив. Ако се најдете на листата нивни непријатели бидете сигурни дека сите го знаат тоа. Потоа, тие едноставно ќе ве избришат од животот и ќе заборават дека постоите.

  1. Близнаци

Близнаците денес можат да ви бидат најдобар пријател, а веќе утре најлош непријател. Карактеристични се поради променливата природа и пребрзото носење заклучок за другите. Ако ги повредите сигурно ќе станете тема на озборување.

  1. Лав

Лавовите сакаат да бидат омилени во друштво и пријатели со сите, а ако се најдете на нивната листа непријатели ќе направат сè за да ве оцрнат пред другите. Сепак, Лавовите на го мешаат професионалниот живот со личниот па поголеми се шансите да стекнат непријатели на работа отколку меѓу роднините и пријателите.

  1. Девица

Девиците немаат многу пријатели и очекуваат нивното пријателство со луѓето кои ги имаат да трае цел живот. Веруваат дека пријателството се темели на меѓусебна почит па невозвраќањето е најлесен начин со некој да се замерат. Кога Девиците ќе сфатат дека некој се дружи со нив само од лична корист таа личност веднаш и засекогаш ќе ја исклучат од нивниот живот.

  1. Шкорпија

Шкорпиите тешко стекнуваат непријатели и им се отвораат само на луѓето кои во целост  им веруваат. Од оние кои ги сметаат за пријатели очекуваат дека тоа ќе трае цел живот, но ако само еднаш ги изневерат или повредат, ќе стекнат непријатели за цел живот.

извор: kajgana.com