четврток, 6. август 2020. Вести денес: 59
home Хороскоп

Овие три хороскопски знаци летово нема да имаат среќа во љубовта

Овие три хороскопски знаци летово нема да имаат среќа во љубовта

Според астролозите дури три знаци нема да имаат среќа во љубовта ова лето, па можеби е подобро тие да се свртат кон себе.

Бик

Со Уран во вашиот знак, вие сте во процес на повеќекратни промени. Оваа планета го нарушува вашиот живот.

Оваа транзиција може да се покаже како непријатна, но исто така ќе донесе и нова перспектива.

Уран фаворизира осамен пристап и во наредните летни месеци ќе ви треба повеќе време за независни моменти од вообичаеното. Подобро периодов да се фокусирате на себеси.

Јарец

По враќањето на Сатурн, планетата на одговорност и ограничувањата, ќе има период на воздржаност за Јарецот.

Ова не е време за забави и нови познаници. Фокусирајте се на изнаоѓање стратегии и правење долгорочни деловни планови, а не на барање емоционално и физичко задоволство.

Во текот на летото, можеби не звучи како многу забавно, но важно е да го сторите тоа, така што иднината ќе ви донесе убави моменти.

Риби

Плутон, кој е ваш владетел, е ретрограден и значи дека ќе има многу забуна околу љубовта.

Подобро е да го искористите овој период на ретроградна орбита за да ги разгледате целите во однос на вашите врски и граници, наместо да трошите време и енергија на романтични приказни кои не се целосно јасни.

Коронавирус