вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Хороскоп

Овие хороскопски знаци ќе ги прочитате како отворена книга

Овие хороскопски знаци ќе ги прочитате како отворена книга

И додека некои луѓе спаѓаат меѓу најголемите светски мистерии, оние кои се родени во следните хороскопски знаци, ќе ги откриете како „Буквар“.

Нивната невербална комуникација, односно говорот на телото им ја открива речиси секоја мисла и емоција, па нема да треба ни да ви кажат што мислат, пред да сфатите на што сте.

Лав

Лавовите не сакаат да губат време на покажување колку се мистериозни или пак дека нешто кријат. Тие со погледи, со движењата на рацете и со целото тело ќе ви покажат сè што мислат за вас, како се чуваствуваат во одредена ситуација и како се расположени. Кај нив маски не постојат.

Риби

Рибите се толку емотивни што едноставно е невозможно погрешно да го разберете нивното расположение. Многу се драматични и отворени и за никого не би се промениле. После кратко набљудување на луѓето родени во знакот на Риби, ќе знаете како се чувствуваат и што мислат за вас, дури и ако тие можеби мислат дека тоа одлично го сокриваат.