четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хороскоп

Овие два хороскопски знаци се идеален пар – никој ништо не им може!

Овие два хороскопски знаци се идеален пар – никој ништо не им може!

Иако се работи за спротивни знаци, факт е дека овие два знаци се препознаваат и се привлекуваат уште на првата средба. Тие поседуваат спротивни темпераменти, но веруваат во љубов и се водат по чисти емоции.

Станува збор за Рибите и Стрелците.

Пред да одговори потврдно на додворувањето на Стрелецот, Рибата мора да стекне одредена доза на доверба и да се почувствува сигурно. Додека Рибите се повлечени, Стрелецот без срам ја покажува својата наклонетост и сака што побргу да дојде до конкретизација на нивниот однос. Еротскиот живот им е одличен, овие два знаци остваруваат чудесна игра во креветот. Кај Рибите срамежливоста исчезнува кога ќе го почувствуваат присуството на емоција кај Стрелецот, додека Стрелецот ќе направи се за да ја задоволи Рибата во кревет.

Иако се одлични партнери, проблем во врската може да настане во случај ако Стрелецот да не може да ја поднесе пасивноста на Рибите. Исто така, Стрелецот е знак кој е познат по тоа што ја сака својата слобода, па затоа контролата планирањето од страна на Рибите може да го гушат. Искрениот разговор и довербата ќе им помогнат да се ускладат, но кога ќе се договорат околу тоа кои се целите кон кои се стремат, нивниот однос е нераскинлив.

Коронавирус