сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 64
home Хороскоп

Овие четири хороскопски знаци ова лето ќе пронајдат вистинска љубов

Овие четири хороскопски знаци ова лето ќе пронајдат вистинска љубов

Еве кои четири хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата вистинска љубов во периодот кој следува.

ЛАВ

Во текот на летото ќе бидете уште похрабри од обично. Ќе ви биде полесно да се сосредоточите на вистинските вредности, што значи дека лесно ќе одбивате луѓе кои не ви се допаѓаат, а ќе ве привлекуваат оние со кои ќе можете да остварите квалитетна врска. Ќе одлучите дека сега е моментот да пронајдете вистинска љубов: Некој кој има случен животен стил на вашиот и со кого можете да ја замислите иднината. Со Венера во вашиот знак, среќата ќе ви се насмевне и ново познанство може да се претвори во искрена љубов. Овојпат не мора да барате можности и шанси, туку тие ќе ве пронајдат вас.

ДЕВИЦА

На Девиците им е тешко целосно да се опуштат, уште потешко спонтано да влезат во врска, но ова лето ќе биде поинаку. Ќе се изненадите себеси со симпатичната енергија, насмевките и заиграноста. Овојпат нема да останете незабележани затоа што вашата харизма ќе биде магична. Толку ќе се заљубите што без грижа на совеста ќе занемарите некоја работна обврска. Прифатете го фактот дека некој сака да ви пријде и нурнете во преубавиот свет на фантазијата кој обично го криете зад својата сериозност.

ЈАРЕЦ

И ова лето ве очекува среќа поврзана со нова искрена љубов. Возбудливите мисли полни со страст ќе ве поврзат со симпатичен странец, особено во потоплите денови. Ќе си дозволите себеси да бидете нежни, ќе знаете како да верувате и да се поврзете со среќата и љубовта. Излегувате од удобната зона и покажувате какви прекрасни чувства се кријат во вас.

РИБИ

Драги Риби, вашиот љубовен сон може да се оствари ова лето, само мора да верувате во него. Ќе добиете храброст да ги направите најдобрите чекори во вистинското време или да реагирате кога е потребно. Очекувањата овојпат ќе се исполнат затоа што со новата љубов ќе имате и сојузништво и пријателство, некој со кого ќе можете да планирате долгорочна врска, а подоцна можеби и семејство.

Коронавирус