петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Хороскоп

ОВИЕ 4 ЗНАЦИ ЌЕ ДОЖИВЕАТ НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ! Младата Месечина во Рак за некои ќе ги „помеша“ конците, проверете дали и вие сте мета на „ударот“

ОВИЕ 4 ЗНАЦИ ЌЕ ДОЖИВЕАТ НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ! Младата Месечина во Рак за некои ќе ги „помеша“ конците, проверете дали и вие сте мета на „ударот“

Утре наутро во 4 часот и 52 минути пристигнува важен астролошки настан, а тоа е влегувањето на младата Месечина во водениот знак Рак. Оваа астролошка промена ќе има значително влијание врз речиси сите хороскопски знаци.

Ракот го симболизира домот и семејството, а за очекување е влегувањето на Месечината да ги активира овие полиња кај сите знаци, а особено кај припадничките на понежниот пол. Имено, младата месечина ќе доведе до будење на мајчиниот инстинкт и ќе ги потсети сите дека треба да негуваме искрена љубов.

Промената на расположението, насобраните фрустрации и емотивното незадоволство ќе бидат придружна манифестација на овој аспект што доаѓа утре, 29 јуни, во раните утрински часови, а особено ќе се одрази кај овие четири хороскопски знаци.

Рак
Младата Месечина ќе ви биде најтешка бидејќи ќе мора да ги преиспитате вашите лични одлуки и ставови. Ова е период кој ве тера повеќе да се грижите за себе наместо за другите, но и да размислите дали патот по кој одите е вистинскиот.

Овен
Младата месечина ќе биде во вашето четврто поле на домот и семејството. Можно е да бидете загрижени за една личност од семејството, а веројатно и за родителот. Ова е и носталгија за детството и некои минати времиња кои повеќе не можат да се вратат. Ќе бидете ранливи и емотивни.

Јарец
Овој аспект е тест за вас на емоционално ниво. Ако сте во брак или имате партнер, треба да си поставите нови приоритети во вашата врска. Во текот на следните денови можна е криза поради емотивно недоразбирање во врската со саканата личност.

Вага
Младата месечина во Ракот е тест во бизнисот. Ништо нема да биде како што сте замислиле, па ќе имате впечаток дека целиот товар паѓа на вас. Треба да имате повеќе разбирање кон вработените. Ќе сакате да ја промените работата, позицијата, но и средината во која работите.

Коронавирус