понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Овие 3 хороскопски знаци покрај тоа што се прекрасни партнери, тие ќе ви бидат и најдобар пријател.

Овие 3 хороскопски знаци покрај тоа што се прекрасни партнери, тие ќе ви бидат и најдобар пријател.

Иако сите астролошки знаци доколку се со вистинската личност, може да ги играат двете улоги, постојат знаци на кои оваа двојна улога им доаѓа едноставно природно, така што истовремено може да бидат и пријатели и љубовници.

БИК

Доколку сакате да имате љубовник и најдобар пријател, пронајдете Бик. Тој е срдечен, великодушен и посветен партнер. Секогаш можете да се потпрете на Бикот, ќе ви го чува грбот во секоја ситуација. Бикот е првата личност која на своите пријатели и партнер ќе им понуди рамо за плачење. Тој сака да го направи најдобриот живот, па сака да тој на кому ќе одлучи да го подари своето срце, не биде само љубовник, туку и вистински рамноправен партнер со кој ќе го гради својот живот.

ЛАВ

Лавот е олицетворение на фразата „Живеј, смеј се и сакај!“. Лавот има безгрижен пристап кон животот и романтиката, па ги бира партнерите со кои ќе може одлично да се забавува. Лавот бара партнер кој искрено ќе го почитува и обожава таков каков што е, а тој на својот партнер за возврат ќе му подари потполна верност. Овој знак е драг и верен, што го прави совршен партнер. Лавот во секој разговор внесува топлина и ведрина, што е во потполност складно со неговата владеечка планета, Сонцето.

ДЕВИЦА

Не постои работа која Девицата не може да ја направи за луѓето кои ги сакаат, освен тоа што може да се воздржат од непосакувана конструктивна критика, но тоа го прават со љубов. Освен таа критичка страна, Девицата е одличен партнер и најдобар пријател, бидејќи сите свои врски ги сфаќа сериозно. Овој знак верува дека треба секогаш да биде тука и да се грижи за луѓето кои ги сака, бидејќи така од нив може да очекува дека ќе се појават кога ќе ѝ бидат потрени, во среќни или тажни моменти. Тие се во прв ред кога треба да ве бодрат, но и први кога треа да ви помогнат да се вратите на нозе.

Коронавирус