среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 111
home Хороскоп

Овие 3 хороскопски знаци најтешко изјавуваат љубов!

Овие 3 хороскопски знаци најтешко изјавуваат љубов!

Личностите родени во овие хороскопски знаци изговарањето на зборот „те сакам“, претставува голем предизвик – пишува „Космополитен“.

Се работи за претставниците на следниве знаци:

Стрелец

Стрелците се личности кои не сакаат да се врзуваат за место, ниту за личност. Тие ретко се вистински заљубени и тешко им е да замислат дека остатокот од животот ќе го поминат со една личност. Тие љубовта ја изјавуваат само на најблиските членови од семејството.

Близнаци

Исто како и Стрелците, Близнаците не сакаат да се врзуваат за никого, а не се ни особено романтични. Токму поради тоа, изјавувањето љубов им го оставаат на девојките. За нив одговараат кратки авантури и луди забави, па дури тогаш може да ви кажат дека ве сакаат, а се разбира тоа не го мислат искрено.

Водолија

Водолиите не се авантуристи како Стрелците и Близнаците, но многу внимателно ја бираат личноста за која ќе се врзат. Тие чекаат да помине одреден период, па да заклучат дали другата личност е потполно компатибилна со него или не. Водолиите не се лесни ниту на дела, ниту на зборови и се што прават е смислено.