понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 155
home Хороскоп

Овенот ужива во флертот, Бикот горд на себе

Овенот ужива во флертот, Бикот горд на себе

ОВЕН

Парите кои сте ги барале од банка, конечно, легнуваат на сметка. Прецизно планирате како да ги потрошите. Уживате во флерт иако сте свсни дека нема да дојде до сериозен однос поради статусот на втора личност. Стабилно здравје.

БИК

Горди сте на себе. Вложениот труд се исплател и уживате во резултатите од работата. Задоволни сте од односот со партнерот. Сте сфатиле дека нема причина за љубомора и сега сте опуштени. Проблеми со дишните органи.

БЛИЗНАЦИ

Решени сте да ги надминете работните проблеми кои го забавуваат процесот на работа. Добивате конкретна помош од колега, и тоа многу ви значи. Толку сте задоволни од врската што се плашите да не го загубите партнерот. Добро здравје.

РАК

Задоволни сте од развојот на работната ситуација. Комуникацијата со колегите е одлична. Партнерот прави проблеми во врската. Сметате дека без причина е љубоморен, но не успевате тоа да му го докажете. Стабилно здравје.

ЛАВ

Ве очекува успех. Вредни сте, знаете што сакате да постигнете и како да го остварите. Иницирате комуникација со симпатијата. И давате време подобро да ве запознае и да ве процени. Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Успешно ги реализирате работните планови. Она што ве загрижува се финансиите. Не успевате да ги стабилизирате. Посветете се на брачниот партнер. Ви делува нерасположено, па пробајте да му го вратите расположението. Промени на кожата се можни.

ВАГА

Задоволни сте како работата се одвива. Надредената личност ви сугерира одредени промени кои вие ги сметате за непотребни. Не сте опуштени кога врската е во прашање. Љубоморни сте и правите проблем без потреба. Проблеми со варењето.

ШКОРПИЈА

Фокусирани сте на реализација на работните планови. Работите не одат како што сте очекувале, но тоа не ве демотивира. Задоволни сте од односот со партнерот и во целост му се посветувате. Бубрезите се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Задоволни сте од работната ситуација. Некои планови ги носите потпирајќи се на интиуцијата. Партнерот инсистира на разговор. Потребно му е да го чуе вашето мислење и совет. Нешто сте стегнати. Ви треба опуштање.

ЈАРЕЦ

Задоволни сте од развојот на соработката со странците. Добро се разбирате, имате сличен став и размислувања и цели. Посесивни сте кон саканата личност, но таа го гледа како израз на вашите емоции. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Работните прилики наложуваат прилагодување, и вие се прилагодуват. Тоа носи позитивни ефекти. Запознавате нова личност која остава одличен впечаток на вас. Планирате да продолжите со дружење. Стабилно здравје.

РИБИ

Тековните работи нормално се одвиваат. Имате впечаток дека дошло време да се посветите на новите обврски. Уживате во односот со брачниот партнер. Без разлика што сте долго заедно, и натаму емоциите се интензивни. Ве мачи несоница.

Коронавирус