недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хороскоп

Овенот сака да стави крај на врската, Лавот зрачи со авторитет

Овенот сака да стави крај на врската, Лавот зрачи со авторитет

ОВЕН

Ги користите приватните познанства со цел промовирање на сопствениот бизнис. Емотивно сте незадоволни. На граница сте да пукнете и да ја прекинете врската. Избегнувајте нервоза, затоа што може притисокот да ви скокне.

БИК

Детално сте запознаени со сите детали на работниот процес. Носите одлука за која сте сигурна дека ќе напредувате на работа. Потребно ви е време само за себе, што партнерот мирно прифаќа. Проблеми со алергиите.

БЛИЗНАЦИ

Презадоволни сте од комуникацијата со странски соработници. Партнерот има проблеми кои не сака да ги дели со вас. И покрај тоа, вие приметувате дека не е во елемент. Добро се чувствувате.

РАК

Одличен ден за работни состаноци и постигнување на долгорочни договори. Запознавате личност која ви е интересна на прв поглед, но поради срамелживост не покажувате интерес. Стабилно здравје.

ЛАВ

Задоволни сте од ситуацијата на работа. Елоквентни сте, енергични и зрачите со авторитет. Вашите работни идеи сите ги прифаќаат без приговор. Емотивно сте задоволни и размислувате врската да ја подигнете на повисоко ниво. Одлично здравје.

ДЕВИЦА

Прилично сте неприлагодени. Не успевате да држите чекор со промените на работа. Емотивно сте исполнети. Ве привлекува идејата за формирање на фамилија. Проблеми со притисок.

ВАГА

Комуницирате со претставниците на медиумите. Шармантни сте, интелигентни и оставате одличен впечаток. Емотивно сте неисполнети. Односот со партнерот е напнат и доаѓа до караница со која ништо не решавате. Проблеми со гениталиите.

ШКОРПИЈА

Резултатите на работа се под очекувањата. Не само да не сте задоволни од нив, туку и надредената личност. Имате нагласена потреба за партнер и негова поддршка. Расположението е на ниско ниво.

СТРЕЛЕЦ

Задоволни сте од приливот на финансии. Тоа ве мотивира со повеќе енергија да се фокусирате на обврските. На емотивното поле нема никакви случувања. Во физичка смисла се чувствувате одлично.

ЈАРЕЦ

Елоквентни сте, стабилни и давате впечаток на одговорна личност. На состаноците оставате одличен впечаток. Емоциите максимално ви работат, но вие не ги прикажувате. Опуштени сте, и не внимавате на храна.

ВОДОЛИЈА

Прилив на пари ви го крева расположението. Со повеќе волја им се посветувате на обврските. Имате потреба да бидете сами. Партнерот сосема тоа погрешно го разбира. Уморни сте и уживате во одморот.

РИБИ

Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Заклучувате дека промените се неопходни во постигнувањето на целите. Имате симпатија на која често мислите. Не е најдобро, притисокот е нестабилен.

Коронавирус