петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Овенот од флерт ќе премине на дело, Вагата да намали со мрсна храна

Овенот од флерт ќе премине на дело, Вагата да намали со мрсна храна

ОВЕН

Склопување на нов договор ќе ви биде значаен за работата на долги патеки во иднина. Флертувате со личност која ви се допаѓа и подготвени сте заедно да преминете на дела. Проблеми со дишните патишта.

БИК

Задоволни сте од ситуацијата на полето работа. Може да очекувате дека поволната ситуација ќе ви продолжи. Се чувствувате многу добро крај саканата личност која ви пружа љубов и нежност. Наклонети сте кон дебелеење.

БЛИЗНАЦИ

Пробајте работите да ги гледате од некоја друга страна. Проблемот кој ве мачи на работа, не е нерешлив. Важно ви е на љубовното поле да бидете искрени со саканата личност и да покажете чувства. Главоболка.

РАК

Максимално сте фокусирани на работата која ви е сега приоритет. Подготвени сте да решите некои важни работи денеска. Ви се допаѓа личност која би можела да биде поврзана со некоја далечина или патувања. Медитирајте.

ЛАВ

Задоволни сте од околностите во кои се наоѓате на ова поле, и работата добро ви функционира засега. Не сакате да форсирате нови случувања. Сметате дека новата љубов треба да ви се случи случајно. Добро.

ДЕВИЦА

Ако сакате да остварите напредок, ќе биде важно да покажете и некои социјални вештини. Ако ви се допаѓа личност која е зафатена, би можеле да имате нови проблеми. Кожата ви е чувствителна.

ВАГА

Ве очекува доста среќа на полето работа. Можно е да имате некој нов прилив на пари. Ви се допаѓа личност која покажува дека не сака сериозна врска, туку само необврзувачки средби од време на време. Намалете со мрсната храна.

ШКОРПИЈА

Немате проблеми на полето работа. Денешниот ден ви е генерално мирен и поволен. Тешко ви е да признаете она што го чувствувате кон својата симпатија затоа што околностите на вашето запознавање се комплицирани. Избегнувајте алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Ќе добиете некои добри вести од работниот партнер. Ве очекува шанса за подобрување на работната ситуација. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена да биде максимално посветена на вашиот однос. Водете сметка околу течностите.

ЈАРЕЦ

Имате многу нови обврски кои ве оптоваруваат, па околу некои работи ќе би треба и помош. Можен е флерт во работното опкружување со личноста која ве следи некое време. Можен пат на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Можно е сега да пробувате да решите некои проблеми и долгови од минатото. Можно е да сакате некои нови случувања и флерт. Осаменоста не ви годи. Мал пад на енергијата.

РИБИ

Не сакате да останете на исто поле, и ќе направите се што можете за да дојдете до промени. Можно е саканата личност да покажала дека е верна и дека сака нешто сериозно со вас. Ќе ви годи физичка активност.

Коронавирус