среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 16
home Хороскоп

Овенот да му предложи патување на партнерот, Бикот во искушение за неверство

Овенот да му предложи патување на партнерот, Бикот во искушение за неверство

ОВЕН

Би било добро да размислите доколку почнувате нова работа. Немојте да брзате, дајте си себе време, посоветувајте се со постари и поискусни лица. Предложете му на партнерот патување кое ќе ја освежи вашата врска. Редовно вежбајте за да избегнете здравствени проблеми и стрес.

БИК

Овој ден е за трошење, па постои можност да позајмите пари на блиска личност, но немојте да сметате дека скоро ќе ви биде вратен. Оние кои се во врска ќе дојдат во искушение да извршат неверство, но во последен момент ќе се повлечат. Добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Чувствувате нервоза на работа, ќе бидете приморани да комуницирате со личности со кои немате јасни и цврсти договори. Вљубеност, соединување со партнерот и незаборавни момент на страст и заедништво ќе ве „турнат“ кон брачни води. Проблеми со црниот дроб.

РАК

Важно е да работите она што го сакате, а сите може да покажете колку ја познавате вашата работа. Ќе направите поместувања, а претпоставените ќе бидат во сериозна врска. Поради стрес и лоша исхрана ќе качите килограми.

ЛАВ

Незадоволството се претвориле во задоволство, а самите ефекти се гледаат кон финансиска добивка, и рејтингот на фирмата, благодарение на вас, ќе се подобри, а вие очекувајте бонуси. На симатијата ќе и дадете до знаење дека сте заинтересирани. Избегнувајте нервоза.

ДЕВИЦА

Ако сте невработени, би било добро да донесете одлука што сакате да работите. Треба да се одлучите за работа која најмногу ви одговара. Во љубовта ви претстојат денови на среќа, и со малку вложен труд, ќе ја зацвсртите љубовта. Внимавајте што јадете.

ВАГА

Ќе добивате понуди од повеќе страни, а еден близок пријател ќе ви предложи да работите со него во фирмата во која тој е вработен. Ако сте сами, не е исклучена нова љубов таму каде најмалку ја очекувате. Малку сте се опуштиле. Направете рутински преглед.

ШКОРПИЈА

Ве држи еланот од минатиот ден во кој сте започнале голема работа со странство, а сега настапува период на материјална добивка. Среќно вљубените ќе размислуваат за заеднички живот. Земајте мултивитамини.

СТРЕЛЕЦ

Парите кои го очекувате нема да ги добиете до крајот на денот, затоа што постои проблем кој ве прави нервозни. Многу од вас се вљубени во некој кој не враќа чувства. Внимавајте да не се прејадувате.

ЈАРЕЦ

Побарајте помош од колегите кои ќе ви помогнат реално да го согледате проблемот во кој сте се нашле. Не е ништо загрижувачко. Брачниот однос ќе биде проблематичен и полн со недоверба, но љубовта нема да биде доведена во прашање. Здравјето ќе зависи од емоционалниот живот.

ВОДОЛИЈА

Работните предизвици ви се нагласени – ќе добиете дополнителни работи за кои работодавачот мисли дека сте способни да одговорите на задачата. Актуелно е додворување кон зафатена личност која и натаму не се ослободила од минатата љубов. Проблеми со забите и коските.

РИБИ

Имате поддршка од колегите и надредените, кои веруваат во вас и во вашите способности, а особено во работните односи со странство. Слободните Риби може да ја обноват поранешната врска или повторно да се вљубат во истата личност. Внимавајте на штитната жлезда.

ЕУРО 2020

Македонија