недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 16
home Хороскоп

Оваа ќе биде прекрасна недела за 3 хороскопски знаци

Оваа ќе биде прекрасна недела за 3 хороскопски знаци

Ова е недела која носи астролошка промена – влегуваме во период на владеење на Јарците.

Неделата меѓу 21-27 декември ќе биде особено убава за земјените знаци.

Бик– се чувствувате спонтано и диво

Биковите сакаат предвидливи нешта и се еден од знаците кои не се носат лесно со промените. Вие сте приземјен, практичен знак кој не сака непознати нешта. Но, од друга страна, ова е недела во која ќе копнеете по возбуда и ќе посакате да ги смените работите во вашиот живот. Ова е недела кога ќе флертувате повеќе од вообичаено и кога постојано ќе уживате во својата спонтаност, искористувајќи ги сите можности како што доаѓаат во вашиот живот.

Девица – се чувствувате како мало детенце

Празничната сезона вообичаено носи носталгични чувства за вас, па така ова е недела во која постојано ќе се чувствувате како мало дете кое ужива во слатките, новогодишните светулки и декорациите. Ќе ја искористите и својата креативна страна за некој проект, без оглед на тоа дали е тоа поврзано со домот или работата.

За некои Девици, можни се и непредвидени љубовни пеперутки. Ова е недела која носи романса, спонтаност и убава магија.

Јарец – се ослободувате од притисокот

2020 беше особено тешка за Јарците – еден од најодговорните знаци во хороскопот. Меѓу постојаната борба и желбата да се докажете пред другите, сепак оваа година ви донесе развој и раст на многу полиња. Но, сето тоа ви донесе огромен притисок. Ова е недела во која конечно ќе можете да се ослободите од тоа и да уживате во својата самодоверба. Уживајте.

Коронавирус