вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 163
home Хороскоп

Оваа грда навика може да ви ги упропасти шансите на првиот состанок

Оваа грда навика може да ви ги упропасти шансите на првиот состанок

Анкетата која ја спровела британската фирма за истражување на пазарот, „YouGov“, покажала дека употребата на мобилни телефони е најлошата работа која може да ја направите за време на првиот “дејт“ и тоа го сметаат двата пола.

Дури 69 отсто од мажите и 70 отсто од жените кои учествувале во анкетата се согласни околу тоа дека испраќањето пораки, сликањето на храна и пијалаци, објавувањето на социјалните мрежи и било каков друг начин на користење на мобилниот телефон за време на состанокот е одбивен и дека со некој кој тоа го прави, веројатно не би излегле на втор состанок.

На второ место се заводливите фотографии на социјалните мрежи и тоа го сметаат дури 52 отсто од мажите и 43 отсто од женските испитанички, додека третата најодбивна работа е прегласното џвакање на храната, а тоа го велат 25 отсто од мажите и 31 отсто од анкетираните жени.

Монополизирање на разговорот, избегнувањето за плаќање на сметката, доцнењето и молчењето исто така се нашле на списокот и подобро би било да ги избегнувате на првиот состанок, ако сакате да има и втор.