среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Хороскоп

Ова се најневерните жени според хороскопот

Ова се најневерните жени според хороскопот

Уште еден тематски хороскоп на тема „неверство“, но елаборирано од малку поинаков аспект. Астролозите посочуваат дека одредени знаци од зодијакот се повеќе склони кон изневерување во однос на другите. Откријте повеќе!

ОВЕН

Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок. Тие вршат неверство во оној момент кога во врската ќе завладее монотонијата, но исто така лесно се откриваат. Овните се нескротливи и би требало да ги прифатите како такви.

БИК

Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив изневеруваат кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.

БЛИЗНАЦИ

Скоро никој не е способен успешно да изврши неверство како Близнаците. Тие внимаваат на секој детаљ и секој чекор, на секој момент, за да не ги откријат. Лесно се впуштаат во неверство,а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој успева да ги издвои емоциите и страста како Близнаците.

РАК

Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари. Па така, сè додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот. Тие се грижат само за нив, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.