понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 29
home Хороскоп

Ова се 5 работи кои треба да ги знаете за секој хороскопски знак

Ова се 5 работи кои треба да ги знаете за секој хороскопски знак

Хороскопските знаци се одликуваат со мноку катактериситики, а сите тие се различни еден од друг.
За полесно да ги препознете, издвоивме по пет работи со кои се карактеризираат дванаесетте хороскопски знаци.

Овен

1. Кога ќе го повредите Овенот, тој веднаш ќе ве остави и никогаш нема да прозбори со вас.

2. Тие се многу смешни луѓе, особено пред своите пријатели.

3. Сите работи често знаат да станат досадни за нив, бидејќи постојано сакаат новини и изненадувања.

4. Овенот е секогаш во право. Прифатете го тоа. Тие не прифаќаат поинаку.

5. Совршена жена за мажот Овен е комбинацијата на наставничка и порно ѕвезда.

Бик

1. Биковите прават мал свет околу себе. Тоа што тие го чувствуваат, никој не може да го разбере.

2. Ако се лути, никој не знае кога ќе им помине.

3. Биковите бегаат од конфликти, а ако тие се случат, никогаш нема да пробаат да ги решат на сила.

4. Биковите сакаат забавни луѓе околу себе, бидејќи тие самите не се сметаат за многу забавни.

5. Понекогаш ќе ве излажат дека не им е грижа за вас, но не е така.

Близнаци

1. Близнаците никогаш не доцнат, секогаш доаѓаат порано.

2. Ако мислите дека зборуваат многу, треба да знаете дека тие се многу срамежливи.

3. Тие се едни од најверните пријатели во хороскопот.

4. Полни се со хумор и постојано можат да ве смеат.

5. Близнаците се вознемируваат многу лесно.

Рак

1. Раковите се најверен знак во хороскопот.

2. Тие не се отвораат лесно, но штом го направат тоа, изгледа сте им многу блиски.

3. Тие ги сакаат своите родители, многу!

4. Раковите често минуваат низ депресија, без причина.

5. Тие се многу лојални кон своите блиски.

Лав

1. Лавовите една минута може да се заљубени, следната да се однесуваат како не ве познаваат.

2. Тие го праваат тоа што го сакаат, и го сакаат тоа што го прават.

3. Ако им значите, ќе направат се за да бидете среќни.

4. Не пробувајте да се расправате со нив. Нема да победите.

5. Лавовите се сакаат себеси, не очекувајте вам да ве сакаат повеќе.

Девица

1. Девицата анализира премногу.

2. Тие никогаш не мируваат. Дури и кога спијат, го планираат следниот ден.

3. Сакаат да бидат заљубени, ама постојано ја бараат совршената личност.

4. Ако се лути на вас, нема да ви кажат. Треба сами да сфатите.

5. Тие се многу лојални во врските и пријателствата.

Вага

1. Вагите секогаш одат на „се или ништо“.

2. Тие се многу неодлучни. Претерано.

3. Ако имаат доверба во вас, ќе бидат многу искрени и отворени.

4. Спремни се да одржат цело предавање за најмали ситници.

5. Понекогаш сакаат да бидат сами, а не сакаат да го објаснуваат тоа.

Шкорпија

1. Тие се дефинитивно најмистериозниот знак во хороскопот.

2. Со нив, никогаш не знаете на што сте, додека не ви го кажат тоа.

3. Би убиле за своите најблиски, додека пак другите не им значат воопшто.

4. Не се заинтересирани да имаат голем круг на пријатели, ама сакаат да бидат почитувани.

5. Тие се срамат често, но никој не би им верувал во тоа.

Стрелец

1. Тие најдобро знаат како да се забавуваат.

2. Стрелците можат да ги сменат плановите во последен момент.

3. Секогаш се добро расположени.

4. никогаш не знаете што точно мислат, а не знаат ни тие самите.

5. Тие се деца кои никогаш нема да пораснат.

Јарец

1. Јарците сакаат да имаат малку пријатели, наместо многу лажни.

2. Тие не им веруваат на луѓето.

3. Тие се болни за работата и жртвуваат се за неа.

4. Многу предадени се на своето семејство.

5. Никогаш не простуваат ако им згрешите.

Водолија

1. Лесно влегуваат во врски.

2. Тие се многу динамични личности.

3. Тие можат да ви помогнат, каков проблем и да имате.

4. Не сакаат несигурни луѓе, но тие самите се несигурни понекогаш.

5. Кога ќе се заљубат, имаат 15 000 емоции во минута.

Риби

1. Рибите лесно создаваат пријателства.

2. Тие многу им веруваат на луѓето.

3. Одлично чуваат тајни.

4. Се заљубуваат секој ден.

5. Постојано сонуваат и не живеат во реалноста.