понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 146
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Хороскоп

Очекувања наспроти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?

Очекувања наспроти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?

Очекувањата се една работа, а реалноста друга. Прочитајте каков хороскопски знак сте вие или вашиот партнер во однос на романтичните состаноци.

Овен

Очекувања: Овните сакаат постојана авантура и никогаш не седат дома. Понекогаш расправијата со нив може да се претвори во секс за помирување. Многу се лутат и постојано се караат. Сакаат да бидат главни и секогаш да го имаат последниот збор.

Реалност: Овните се трпеливи и нема да се помират додека не ве добијат, а тогаш се спремни да сторат сè за вас. Тие оставаат нивните постапки да зборуваат погласно од нивните зборови, но не се плашат и да се изразат понекогаш. Тие имаат огнен дух, но и нежно срце кое сакаат да биде згрижено и покрај тоа што се прикажуваат како ладнокрвни. Сакаат да го преземат водството, но ќе ве држат за раката за заедно да „шетате“ низ животот.

Бик

Очекувања: Лавот е неверојатно тврдоглав и инсистира секогаш да биде по негово. Тој сака да бидете дел од неговиот свет, но тој никогаш нема да се обиде да биде дел од вашиот. Ќе се фокусира само на романтика и ќе започне да ја планира вашата иднина уште пред крајот на вашиот прв состанок.

Реалност: Лавот е длабоко посветен и внимателен. Тој сака да знаат сè за вас, па затоа сака да поминувате повеќе време заедно. Ќе ве обвие со љубов и воодушевување, но ќе биде тука за вас и кога ќе ви биде потребен. Неговата цел е да создаде иднина со вас, а истовремено да биде и вашиот најдобар пријател.

Близнаци

Очекувања: Никогаш нема да знаете што да очекувате, тие зборуваат многу и секогаш ќе сакаат да ве одведат во нови авантури, разговарајќи за 70 различни теории одеднаш. Близнаците се многу дружељубиви и ќе сакаат да поминуваат време и со вашите пријатели, но вие нема да бидете сигурни дали се доволно посветени на вас.

Реалност: Тие ќе ви ги покажат сите можности во секоја ситуација, така што вашите разговори никогаш нема да бидат здодевни. Секогаш ќе бидат тука за вас, кога и да ви затребаат. Ќе сакаат да бидете поврзани и да ги запознаваат сите ваши блиски. Можеби не се токму онакви какви што си замислувавте, но тие сакаат да ви ги покажат сите нивни различни особини, а сакаат да ги дознаат и вашите.

Рак

Очекувања: Ќе бидете опкружени во толку многу љубов и преданост, па нема да знаете што да направите со нив. Ракот ќе започне да ја планира вашата венчавка по само 2 недели излегување. Тој може да биде малку посесивен, но тоа го прикажува на прекрасен начин. Постојано сака да зборува за своите чувства и веројатно ќе ви направи торта без причина.

Реалност: Раковите на прв поглед веруваат во љубовта, но сакаат да изградат и доверба кон вас пред да се нурнат премногу длабоко. Тие се интуитивни за нивните и вашите чувства. Може да почувствуваат ако имате потреба од пауза и ќе се обидат да се подобрат. Тие зборуваат за своите чувства, но само во контекст на унапредување на врската. Знаат дека комуникацијата е од суштинско значење, па затоа умеат да ви покажат како се чувствуваат. Раковите сакаат длабоко и искрено и да… веројатно ќе ви направат и торта без причина.

Лав

Очекувања: Тие се грижат за вашите интереси, но повеќе се грижат за нивните интереси. Сакаат постојано да ве „покажуваат“ пред другите, но сакаат и да бидат сигурни дека двајцата добро изгледате додека трае „парадата“. Тие ретко сакаат да останат дома бидејќи има многу нешта што треба да ги направат.

Реалност: Тие се искрени со вас во врска со нивните чувства. Ако се состануваат со вас тоа е затоа што се вистински заинтересирани за вас. Тие мислат дека сте неверојатни и сакаат сите да го знаат тоа. Ќе ве поддржат во вашите соништа и се надеваат дека и вие ќе им возвратите со поддршка. Тие секогаш ќе ве заштитуваат и ќе одат и подалеку од нивната можности заради љубовта кон вас, затоа што едноставно веруваат дека вие тоа го заслужувате.

Девица

Очекувања: Девицата ќе биде крајно претпазлива и ќе мора многу да се трудите за да ја „отворите“. Таа веројатно ќе ја исчисти вашата соба наместо вас, ако мисли дека сте премногу неуредни. Таа ќе биде како ваша мајка, на некој начин, но во позитивна смисла. Таа се грижи за вас, но тоа најмногу ќе го покаже преку саркастични коментари и суптилни афирмации.

Реалност: Таа ќе ги забележи сите детали за вас и ќе ги земе предвид кога ќе бидете заедно. Ќе ѝ биде потребно време за да се „отвори“, но нема да губи време ако смета дека не вредите. Девицата е трпелива, но вредна за чекање. Ќе ве охрабри да стекнете подобри навики и ќе ве пофали за тоа. Таа ќе ве сака на начин на кој не сте навикнати и со неа никогаш нема да ви недостасува романса или посветеност.

Вага

Очекувања: Тие се секогаш дотерани и приредуваат многу забави. Ретко донесуваат одлуки, но се толку симпатични и слатки, па затоа нема да им замерите. Ќе се возбудат на секој ваш романтичен гест и ќе очекуваат врската да биде нивна верзија на љубов од бајките.

Реалност: Тие ќе сакаат да бидат вклучени во различни друштвени собири, но ќе сакаат и вие да бидете со нив. Вагите ќе балансираат меѓу нивните животи и распоредот за да се прилагодат и на вашиот распоред. Тие ќе ви покажат за што имаат страст и нема да се плашат да се борат за тоа. Вашето мислење ќе им биде многу важно, но треба да бидат свесни дека не секогаш се во право. Тие ќе направат сè за вашиот обичен живот да изгледа како бајка, само затоа што се многу идеалистички настроени.

 

Шкорпија

Очекувања: Секс. Неколку сериозни флертови и разговори за животот, проследени со повеќе секс. Шкорпијата ќе полуди ако ве види како разговарате со некој друг, но љубомората ќе исчезне за 3 дена. Потоа ќе бара да ѝ надоместите преку… повеќе секс.

Реалност: Шкорпиите првично изгледаат воздржано, но брзо ќе сакаат да дознаат сè за вас. Тие ќе ја покажат својата заинтересираност кон вас, но тоа нема да се манифестира само на физички начин. Ќе ви ја покажат својата страст, а стравот ќе му даде ново значење на поимот „страст“. Тие ќе бидат тврдоглави и љубоморни на моменти, но само затоа што мислат дека вие ги управувате. Скорпиите сакаат да бидат сигурни дека и двајцата сте инвестирале подеднакво во врската. (Да, сексот ќе биде неверојатен. Тоа веќе го знаете).

 

Стрелец

Очекувања: Ретко ќе останете на едно место, секогаш патувајќи на нови места заедно. Тие ќе внесат авантура во вашиот живот, така што ќе мора да се навикнете на тоа. Се чини дека ги прават работите сосема случајно и веројатно ќе биде тешко да ги натерате да се „отворат“ за сериозните прашања. Во врска со нив ќе се чувствувате забавно и лесно, но не особено сериозно.

Реалност: Тие ќе ве натераат да се насмеете и ќе ви го разубават денот повеќе отколку што можете да замислите. Стрелците се љубопитни и истражувачки настроени, но може да направат дури и обичните работи да ги почувствувате како авантура. Тие се весели, но се полни и со длабоки и сложени чувства што ќе ги споделат со вас откако ќе се чувствуваат удобно. Тие сакаат да поминувате време заедно и да бидат обожувани, но исто така, ја сакаат и вашата почит. Тие ќе ве натераат да излезете од вашата зона на удобност и ќе ви станат најзначајната поддршка во потрагата по вашите соништа, без оглед колку тие звучат лудо.

Јарец

Очекувања: Јарците ќе поминат голем дел од своето време на работа, па нема да имаат толку време за вас. Ќе заработат куп пари и најмногу ќе ја покажуваат својата љубов преку купување подароци и честење ручеци. Тие не ги изразуваат своите емоции често и може да делуваат малку ладно и затворено. Но, ќе ве почитуваат ако сте многу вредни. Лошата страна е што никогаш нема да бидете сигурни во нивната љубов.

Реалност: Јарците ќе го бранат својот став без разлика на сè.  Тие одбиваат да губат време и енергија залудно, па затоа се состануваат само со личности за кои се многу заинтересирани. Ќе ја ценат вашата етичност и напорна работа, но свесни се и дека има многу повеќе од тоа во животот. Тие ќе ви ја покажат и својата наивна и ранлива страна, ако сметаат дека може да ви веруваат. Ќе се грижат за вас на секој начин и ќе ве охрабрат кога тоа најмногу ќе ви биде потребно.

Водолија

Очекувања: Тие ќе бидат неверојатно оддалечени од вас со денови, а потоа одеднаш ќе ве опсипат со љубов. Водолиите сакаат да зборуваат само за нештата што нив ги интересираат, инаку им е здодевно. Тие постојано ќе се трудат да ја потврдат својата независност и ретко ќе ве наведат вистински да ги запознаете, но ќе ве заинтригираат доволно за сепак да ве задржат.

Реалност: Ним им е потребна нивна слобода, но ќе ве поттикнат и вие да си ја задржите ваша. Тие секогаш ќе ви се враќаат и нема да ве остават на цедило. Можеби за нив е тешко да се приврзат кон вас, но ако навистина се грижат за вас, тогаш ќе ви кажат што им треба во врската. Понекогаш ќе бидат иритирани, но сепак, ќе ги почитуваат вашите граници. Ќе си дозволат понекогаш да бидат и емотивни или ранливи пред вас, затоа што нивната љубов произлегува од начинот на кој комуницираат со вас.

Риби

Очекувања: Тие ќе бидат постојано исклучително емотивни и чувствителни. Ќе ја идеализираат вашата врска и ќе заборават на реалноста. Веројатно ќе напишат околу 100 песни за љубовта или за вас, но никогаш нема да ги споделат со друг. Тие ја обожуваат романтиката и би направиле сè за да бидете среќни.

Реалност: Тие се длабоко грижливи и се во допир со своите емоции, па ги користат за да ја направат врската уште подобра. Тие внимателно ќе ве ислушаат за сè што ви се случува во животот и ќе сторат сè што можат за да ви помогнат. Ќе сакаат и вие да бидете дел од нивниот креативен свет и ќе ве натераат да ја согледате и вашата креативна страна. Рибите ќе се обидат да ве изненадат затоа што не се плашат од големите романтични гестови. Никогаш нема да остават да се прашувате дали ве сакаат, затоа што тоа вие веќе добро го знаете.

извор: kafepauza.mk

Коронавирус