понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 4
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Нова можност за Ракот, големи пресврти за Лавот

Нова можност за Ракот, големи пресврти за Лавот

ОВЕН

Помошта која ви доаѓа од страна на некоја личност од странство, на ова поле ќе ви биде многу значајна. Не сте заинтересирани за почеток на било каква љубовна врска во овој период. Спортувајте, бидете активни.

БИК

Задоволни сте од ситуацијата која ја имате на ова поле и засега не планирате големи промени.Ако ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро, може да се случи да се разочарате од неа подоцна. Чувајте ги бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Не сте подготвени да се соочите со новите проблеми, сега кога ниту старите не се решени до крај. Иако имате додворувач и понуди, останувате сами уште некое време. Проблеми со урогениталниот тракт.

РАК

Очекувајте нова прилика за работа од која ќе бидете задоволни. Имате впечаток дека постојат некои работи кои не се решени до крај, а се однесуваат на вашиот однос со саканата личност. Ослабен имунитет.

ЛАВ

Не сте заинтересирани за почнување на нова работа моментално. Многу работи од минатото ве оптоваруваат. Ве очекуваат големи пресврти во односот со саканата личност. Можни се неочкеувани проблеми. Забрзано чукање на срцето.

ДЕВИЦА

Не е поволен момент за нови одлуки ниту за почеток на било какви драстични потези на работа. Можно е да сте збунети и не ви е лесно да се соочите со своите чувства во текот на денешниот ден. Чувствителен граден кош.

ВАГА

Очекувајте поволен период кога е во прашање разрешување на работните компликации.Не сте расположени за караница со партнерот и на некој начин само се повлекувате во себе. Синусите ви се чувствителни.

ШКОРПИЈА

Осцилациите кои се присутни на полето заработувачка, би требало да се стабилизираат во следниот период.
Не знаете како да реагирате кога партнерот ќе ви соопшти вести кои не сте сакале да ги чуете. Зголемен апетит.

СТРЕЛЕЦ

Во текот на денешниот ден имате недостаток на трпение и многу сте наклонети кон караници и конфликти. Одлучни сте за прекин на врската во која не се чувствувате добро веќе некое време. Покачен крвен притисок.

ЈАРЕЦ

Ве очекува период во кој на полето работа ќе имате некои пресврти кои не сте ги очекувале. Време е сами со себе да одлучите што сакате. Често изгледа дека го завлекувате партнерот на некој начин. Несоница.

ВОДОЛИЈА

Не сте заинтересирани за нови понуди во моментов. Имате премногу обврски над својата глава. Партнерот ви покажува дека не е сигурен во своите чувства и тој негов став нималку не ви се допаѓа. Нервна напнатост.

РИБИ

Имате нови идеи за работа и подготовени сте да се посветите на нивна реализација денеска. Многу брзо менувате мислење за личноста со која сте во врска. Можно е наскоро да го смените партнерот. Имате многу енергија.

Коронавирус