петок, 25. септември 2020. Вести денес: 36
home Хороскоп

Нова љубов им чука на врата: Овие 4 хороскопски знаци ќе се заљубат во 2020 година

Нова љубов им чука на врата: Овие 4 хороскопски знаци ќе се заљубат во 2020 година

Новата година носи можност за наоѓање нова љубов за овие хороскопски знаци.

Совршено време е да се „испразните“ и да го оставите зад себе сето тоа што ви се случило во претходната година, истовремено гледајќи напред кон нови можности.

А за некои хороскопски знаци тоа вклучува и наоѓање партнер во новата година. Важно е само да поработат малку на себе.

Овен

Овој знак ќе запознае некој во 2020 година, но само ако е подготвен да забави и да води длабоки разговори.

Околу 3 јануари, месечината минува низ Овен и тоа е можност за тешките Овни да омекнат и да ја покажат ранливата страна на своето срце и душа.

Овенот обично јури низ животот и се фокусира на своите цели. Ретко кога забавува доволно долго за да најде партнер или да размисли за сигурноста.

Овните би требало да излезат од својата удобна зона и да му се отворат на оној што ќе покаже интерес за нив. Ако одбегнуваат да водат тешки разговори, би можеле да се изненадат од врската што ќе ја воспостават. Имено, со новиот партнер многу отворено ќе зборуваат и лесно ќе го запознаат.

Девица

Благодарение на Јупитер, Девиците ќе имаат повеќе среќа во наоѓањето нова љубов. Освен тоа, ги очекува многу забава.

Наоѓањето партнер би можело да биде еднакво едноставно како и започнувањето разговор со странец. Особено ако излезат од својата удобна зона.

Ако лесно запловат во нова врска, не треба да се надеваат премногу за да не се разочараат. Новата врска за нив најверојатно ќе биде многу забавна, но ретко кој ќе влезе во трајна врска. Што и да им се случи, Девиците би требало да мислат на моментот и да се радуваат за тоа.

Стрелец

Благодарение на Марс, Стрелците годинава ќе ја започнат со романса. Уште на 3 јануари, Марс ќе влезе во знакот Стрелец, што со себе носи дополнителен оган, возбуда и авантуризам. Ќе има многу флертување, а од нив зависи како ќе се развива врската. Ако сакаат само врска без обврски, така и ќе биде, иако постои шанса несериозната романса да прерасне во нешто посериозно. Во секој случај, добро ќе се забавуваат.

Водолија

Кога ќе влеземе во 2020 година, планетата на љубовта Венера ќе се најде точно среде својот транзит низ Водолија. Тоа ќе ги поттикне припадниците на овој знак повеќе да се сакаат себеси, но и да се вљубат во друга личност.

Ова може да биде ново искуство за нив, бидејќи тие обично сакаат се’ да прават по свое и ретко развиваат врска. Но ако сакаат трајна врска, лесно ќе го остварат тоа оваа година. Само треба да сфатат дека треба да ги пуштат луѓето во својот живот. Тоа можеби ќе им биде тешко, но на крај ќе бидат многу среќни.

Коронавирус