петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Хороскоп

Ноември пеколен за овие хороскопски знаци

Ноември пеколен за овие хороскопски знаци

Ноември е вистински микс на емоции и случувања за сите припадници на Зодијакот, но најтурбулентен ќе биде за Овенот и Јарецот.

Покрај овие два знаци на удар ќе бидат и Ракот и Вагата.

ОВЕН

Ноември на вас ќе постави нови барикади поради кои ќе мора да ги промените старите планови. Колку повеќе се трудите да се вратите на патот, толку потешко ќе ви биде да се држите до планот. За да успеете да излезете на крај со непријатностите кои ве очекуваат ќе мора покрај себе да имате личност во знакот на Шкорпија. Дел од непријатностите ќе бидат предизвикани од Меркур. За време на првата половина на месецот, добро чувајте ги вашите податоци, три пати проверете што потпишувате и добро размислете пред да донесете некоја одлука. Ова е време кога сигналите може да бидат помешани, кога технологијата ги расипува работите, а конфликтите се заоструваат.

ЈАРЕЦ

Понекогаш, за се да дојде на свое место мора малку да се приземјите. За вас, ноември е подготовка за 2020 година и тоа може да ви личи на напорен и долтраен процес. Важно е да знаете дека одлуката која сега ќе ја донесете го одредува вашиот пат во следната година. Ова значи дека во ноевмри ќе мора многу да се трудите. Во фокусот на овој месец ќе биде напорната работа. Работите кои ќе ги добиете ќе дојдат до вас само по напорен труд. Ако сето ова ве прави нервозни, запаметете дека се на што може самите да влијаете и направите всушност е најголемото богатство.