сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 14
home Хороскоп

Ни доаѓа младата месечина – ова е еден од најсреќните денови во годината, еве што ги очекува хороскопските знаци

Ни доаѓа младата месечина – ова е еден од најсреќните денови во годината, еве што ги очекува хороскопските знаци

Се наоѓаме на средината на владеењето на моќните Лавови, а на 8 август ни доаѓа и младата Месечина во овој знак.

Нè очекува силна енергија, креативност и страст, а таа настапува истовремено со Сириус, најсветлата ѕвезда на небото. Овој ден се смета за еден од најсреќните денови во годината, а тогаш е време да посакаме желба.

Лавот е поврзан со самодоверба, креативност и романса, што значи дека ни доаѓа силен наплив на харизма и магнетска привлечност под младата Месечина.

Што им носи на хороскопските знаци?

Овен

Младата Месечина во Лав ви носи откривање на вашите најголеми страсти. Исто како и Лавот, ќе бидете храбри со огромна сила во себе, а ќе ги проширите и своите хоризонти со тоа што ќе сретнете нови луѓе, ќе патувате и ќе освојувате нови локации. Сега е време да ја искористите енергијата за да бидете во центарот на вниманието и да тргнете кон нови победи. Размислете за нови пријателства, врски и интереси.

Бик

Вашето чувство за естетика ќе биде активирано за време на младата Месечина во Лав. Вашата енергија од Венера е во одлична хармонија со Лавот а тоа ви носи откривање и на вашата романтична и креативна страна. Како фиксен знак, вие сакате да бидете онаму каде ви е најпријатно, но оваа млада Месечина ви носи период на полнење на батериите и нови цели особено во однос на вашиот стил и естетика на живеење.

Близнаци

Младата Месечина во Лав ќе прави аспект со Меркур, вашиот владетел, што значи дека подобро ќе комуницирате со другите и ќе уживате споделувајќи ги своите визии со другите околу вас. Создадете си свој круг во кој ќе бидете личноста која секогаш сте сакале да бидете.

Рак

Раковите се будат под светлината на младата Месечина. Со оглед на тоа што Месечината е вашата владејачка планета, енергијата на Лавовите ќе ви донесе исполнување на вашите амбиции и претворање на вашите соништа во реалност. Понекогаш она што ве држи подалеку од победите е вашиот начин на размислување и желбата за сигурност, но сега е поинаку.

Лав

Со оглед на тоа што оваа млада Месечина ни доаѓа во вашиот знак, во вас постои огромна сила да постигнете сèшто ќе посакате. Оваа година ви донесе голема лекција во однос на себезастапувањето, сигурноста и самодовербата па сега блескате со сите научени лекции и вашиот став дека можете сè. Ги инспирирате другите луѓе околу себе, а патем добивате сè што некогаш сте посакале.

Девица

Време е да заборавите на плановите и мислите и сè она што го посакувате да го претворите во убава реалност, бидејќи го заслужувате тоа. Младата Месечина во Лав ви носи прифаќање на ваквиот предизвик, а енергијата на Лавовите ве прави безгрижни, но и бестрашни. Имате високи стандарди за себе, а што и да направите ќе се одвива во ваша корист.

Вага

Родените во овој знак ќе посакаат да се поврзат со другите за време на оваа млада Месечина во Лав. Под влијание сте на романтичната енергија на Лавовите, а овој транзит ви носи важна лекција за потребата од компромис. За време на младата Месечина практикувајте хармонија додека сите ваши желби и потреби се исполнети, а окружете се со луѓе кои ве прават среќни, без оглед на тоа дали е тоа во романтична смисла или не.

Шкорпија

Подгответе се за млада Месечина која ќе ви донесе среќа, драги Шкорпии. Со енергијата на Лавот, ќе ги активирате својата среќа и просперитет, а тоа ќе ви донесе нови можности да донесете здрави финансиски одлуки и да потпишете нови договори. Ќе ја разбирате моќта на малите чекори кои носат големи победи. Имајте верба во универзумот, тој е на ваша страна.

Стрелец

Се чувствувате храбро како никогаш досега, а оваа лунација им носи среќа на оние Стрелци кои не се плашат да сонуваат и да преземат ризици. Вие сте од оние знаци кои секогаш сакаат да ги прошируваат своите хоризонти и да работат на повеќе проекти истовремено. Но, со оваа млада Месечина ќе се запрашате кој е следниот чекор. Вие можете сè, а оваа месечина ќе ви го потврди тоа.

Јарец

Ова е период кој ви носи среќа на полето на финансиите, но и поголема самодоверба. Вие придонесувате толку многу, а сега е време да ги соберете плодовите од својата напорна работа и влогови, не само во работата, туку и во пријателствата и љубовните партнерства. Но, целата приказна почнува од самите себеси, а тоа е вредно за да биде прославено.

Водолија

Вашата храбра автентичност ќе биде на високо ниво за време на оваа млада Месечина. Лавот ви носи можност да се поврзете со другите на духовно ниво, дури и кога сте селективни во однос на тоа со кого сакате да минувате време. Вие водите со срцето, а лесно ви е и да се изразите во однос на другите.

Риби

Ова е период кога ја прифаќате гордоста од Лавовите и се цените себеси повеќе од било кога. Вие сте креативен гениј кој може да оствари многу, а ова е период и кога вашата креативна енергија плови во нови води каде се откривате себеси. Уживајте во процесот, колку и да ви изгледа ново и поинакво.

Коронавирус