среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 139
home Хороскоп

Немојте да се замерувате со овие хороскопски знаци затоа што ве чека ладна одмазда

Немојте да се замерувате со овие хороскопски знаци затоа што ве чека ладна одмазда

Дали познавате луѓе кои, кога се шегувате на нивна сметка, кисело се насмевнуваат, се лутат за најмала ситница и потоа се одмаздуваат кога најмалку очекувате? Тие луѓе најверојатно се родени во еден од овие три хороскопски знаци.

Овен

Овенот е огнен знак и има многу краток фитил. Ако нешто за повеќето луѓе е речиси незабележителна ситница, личностите родени во овој хороскопски знак може да го сфатат тоа како напад врз своето его. Нивните бурни реакции понекогаш се толку непромислени и неоправдани што ќе останете без зборови. Ако се пошегувате на нивна сметка, а тие го сфатат тоа како навреда, овие личности се во состојба брзо да реагираат и демонстративно да ја напуштат забавата, кафулето, станот, теренот итн. Другата варијанта е да ве вовлечат во расправија што ќе трае со часови, сè додека тие не излезат како победници. Исто така, не заборавајте дека Овните се големи злопамтила. Сепак, и покрај сè, добро е да ги имате овие личности во својот живот.

Лав

Лавот има суета што го ограничува на секое поле во животот. Ако му ја повредите, очекувајте одмазда. Тој е саможив и знае да реагира бурно, особено ако смета дека на некој начин е оштетен или повреден. Кога знаат дека немаат аргументи за своите тврдења, личностите родени во овој хороскопски знак ќе ја напуштат расправијата со викање, со врева и со трескање на вратата. Дури и кога знаат дека погрешиле, тие нема да бидат првите што ќе се јават, па дури и ако цел свет изгори. Поради својата суета, тие ги жртвуваат врските и пријателствата што ги граделе со години. Според астрологијата, овие хороскопски знаци се најлошите пријатели.

Шкорпија

На личностите родени во овој хороскопски знак не им е потребно многу за да се налутат, а ако се разбеснат, тие се подготвени за ниски удари, за провоцирање и навредување, а понекогаш дури и физички да се пресметаат со тој што им го предизвикал бесот. Овие личности се многу нестабилни и невозможно да се предвидат нивните реакции, но тие ја доживуваат секоја расправија многу емотивно. Кога се повредени, нема да останат мирни сè додека не му се одмаздат на оној за кој сметаат дека им предизвикал болка. Бидејќи одмаздата се сервира ладна, Шкорпиите лукаво ќе ја планираат и ќе го чекаат вистинскиот момент за да ја спроведат. Ако се најдете на мета на одмаздничкиот поход на овие личности, немојте да бидете изненадени што не знаете што сте им направиле. Можеби станува збор за непромислен коментар што сте го кажале пред неколку години на кој никој не се сеќава, освен Шкорпијата.

извор: kafepauza.mk